Анализа на грчкиот весник „Катимерини“
Оставката на Зоран Заев ја менува равенката, бидејќи неговото присуство одигра симболична, но и суштинска улога во спроведувањето на Преспанскиот договор, пишува грчки „Катимерини“, додавајќи дека може да се очекува развивање на сложена ситуација во Македонија.
Во анализата на грчкиот весник се истакнува дека на владината коалиција ѝ е зададен тежок удар, како и дека со нејзиниот опстанок може да се задржи и позитивната перспектива за Македонија.
„Катимерини“ смета дека владината коалиција ќе биде ранлива, а заминувањето на Заев ќе го отежне управувањето со ситуацијата. Токму затоа, се додава дека Атина мора да испрати порака оти во целост ќе го поддржи Преспанскиот договор.