Српскиот претседател Александар Вучиќ од Охрид изјави дека договорот што го постигнале со Заев и Рама, ќе им овозможи на граѓаните од Србија, Македонија и Албанија да патуваат само со лична карта.
Тој нагласи дека овој договор е за доброто на граѓаните на трите земји и дека не се плаши од притисок од неговата земја.
-Тука не правиме никакви Југославии, туку работиме на подобар и поквалитетен живот за граѓаните. Нема никаков амбиент на омраза и нетрпение – рече Вучиќ.
Со заедничко обраќање пред новинарите завршува состанокот на лидерите од Западен Балкан. Во Охрид денеска разговараа српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, македонскиот премиер, Зоран Заев, претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Ѕвиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.
На синоќешниот состанок Вучиќ, Заев и Рама постигнаа договор за заеднички работни дозволи и премин на границите без пасош. Како што објасни Вучиќ, договорот ќе овозможи во случај кога исти инвеститори работат во Србија и Мекедонија, да можат да разменуваат работници и инжинери.