Европратеници и членови на националните парламенти на земјите од Западен Балкан ќе одржат разговори во Брисел за процесот на евроинтеграции и за политиката на проширување на ЕУ. Парламентарците од Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, лидери на политички и парламентарни групи, ќе ги споделат своите ставови за предизвиците и перспективите на политиката за проширување на ЕУ со европските парламентарци.
Тркалезната маса за пристапување на Западен Балкан во ЕУ ќе ја отворат претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли и комесарот за проширување, Оливер Вархеи.