Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на протест во 18 часот, кој ќе започне пред Обвинителството, а ќе заврши пред Врховниот суд.
– Ги повикувам сите граѓани, од сите националности и убедувања да ни се приклучат. Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите, но и порака за чуварите на неправдите, обвинителството и судството, дека оваа борба во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстават на неправдите – рече Мицкоски, кој рече дека нема информации за нов материјал доставен од укажувач.
Протестот доаѓа откако вчера на прес конференција, пратеникот од опозицијата, Антонио Милошоски објавуваше аудио-материјал со глас за кој рече дека е на лидерот на СДСМ и експремиерот, Зоран Заев.
Минатата недела владејачката СДСМ маршираше од Собранието до Кривичниот суд, при што порачаа на судиите дека се „ослободени и дека треба да работат независно со донесениот Закон за Јавно обвинителство“.