Кланот Заеви прерасна во картел Заеви и тоа го потврди МВР, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– После цел ден молк, МВР на Спасовски призна дека во текот на акција за спречување на шверц на дрога предводена од американската ДЕА, уапсен бил личниот шофер на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев. Личниот шофер на Заеви Александар Ушилковски, заедно со командирот на прилепската полиција Кире Спиркоски – Чипсио, директно поставен од Оливер Спасовски, го предводеле транспортот на нарко пратката во белото комбе со грчки таблици. Во комбето имало марихуана, омилениот бизнис на Заеви, во вредност од 800 илјади евра. Пратката со марихуана тргнала од Фирмата Медика 420 од Битола. Патем оваа фирма се поврзува директно со фамилијата Заеви. Братучедите на Зоран Заев, Трајче и Вице – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата прашува дали и кога братучедите на Заеви ќе бидат испитани за овој нарко криминал кој го прекина американската ДЕА? Исто така треба да одговорат дали Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев е во Македонија или избегал во Дубаи? Криминалот на власта излегува на виделина, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ништо веќе не може да го сокрие сојузот на власта и криминалот.