Зоран Заев и СДСМ добија црвен картон од граѓаните за катастрофалните политики, велат од ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на резултатите од американскиот институт НДИ.
– Анкетата која ја објави Националниот демократски институт потврди дека народот ќе го порази Зоран Заев и СДСМ на следните избори заради лошите политики, криминалот и корупцијата – посочуваат од опозициската партија од каде додаваат дека од анкетата јасно се гледа дека граѓаните повеќе не му веруваат на СДСМ бидејќи води целосно погрешна политика.
Од таму нагласуваат и деа ова е реалната слика во Република Македонија, слика, како што велат, без розеви наочари.
– Според анкетата, најлошо оваа криминална власт се справува со економијата, 20 отсто од испитаниците одговориле дека токму економијата е најголем проблем во државата. Седумнаесет отсто од граѓаните се изјасниле дека владата не се справува со невработеноста и отварањето на нови работни места, додека 11 отсто кажале дека најлошо е во здравството и здравствениот систем.
Исто така граѓаните забележуваат и назадување во демократијата и демократските вредности во државата.
Нема капитални инвестиции, нема нови работни места, над 60 илјади луѓе останаа без работа, целосен хаос во здравство, без план во образованието, уништено земјоделие се само мал дел од „проектите“ на оваа власт – стои во партиското соопштение во кое се додава дека казната за ваквите лоши политики ќе дојде многу скоро.