ВМРО-ДПМНЕ поддржува измени на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР во консензус со партиите, соопштија од партијата.
– ВМРО-ДПМНЕ поддржува измени и дополнувања на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР, со кои ќе се овозможи поголема транспарентност на изборниот процес и поголема ефикасност на изборните органи, но, пред сѐ, поголема можност за избор на граѓаните со непосредно гласање за посебно по една личност- кандидат од секоја предложена листа на партиите и независните листи на кандидати – се наведува во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквата опција за отворени листи овозможува поголема демократија во која личноста на кандидатот, а не само партијата, ќе бидат избирани од страна на граѓаните да одлучуваат за нивната општина.
– Дополнително, со измените на законот се доуредуваат аспектите на изборната кампања, времето на рекламирање, роковите, содржината и постапката на доставување на финансиските извештаи и други процеси поврзани со изборниот процес. Измените на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР се пракса пред секои избори во консензус со партиите да се подобри изборниот процес со крајна цел фер и демократски изборен процес, пред сѐ, во интерес на опозициските партии – велат од ВМРО-ДПМНЕ.