Владата денеска ќе ја одржи редовната 149-та седница со неколку точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.
На денешната седница на предлог на Министерството за одбрана ќе се разгледаат информации за плановите за учество на Република Македонија во силите на НАТО за обезбедување на југоисточните и источните граници на Алијансата и за плановите за заедничко учество на Република Македонија и Република Франција во операцијата на Европската Унија во Централноафриканската Република.
На предлог на Секретаријатот за европски прашања ќе се разгледаат информации за подготовка на Деветиот состанок на специјалната група за реформа во јавната администрација во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација што ќе се одржува во Скопје на 17 септември 2019 година и информација за одржување на петнаесетиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Македонија којшто се одржа на 13 ноември минатата година во Скопје.
Министерството за здравство предложи точка на дневен ред со информација со Акциски план за проектот „Бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи без ограничување во однос на примањата“.