Германското претседателство е клучно за отстранување на бугарската блокада на Македонија, а не еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, пишува „Политико“ во анализата на работата на Европската комисија.
 
– Оливер Вархеи беше премногу мек кон Софија, но проблемот е и во тоа што Европската народна партија не беше доволно остра кон бугарскиот премиер Бојко Борисов – се наведува во анализата на „Политико“, која се осврнува на работата на еврокомесарите за годинава што изминува.

Блокадата на Бугарија кон Македонија се издвојува како еден од најлошите моменти годинава за Вархеи. 

– Блокадата на Бугарија поради билатералниот спор околу јазикот и идентитетот, ѝ зададе удар на Комисијата, чија цел беше да ги почне преговорите до крајот на годинава – пишува „Политико“.