Брисел би можел да ги раздвои процесите за членство на Македонија и на Албанија во ЕУ и да ги почне пристапните преговори со Тирана, доколку продолжи бугарската блокадата на Скопје, истакна еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеи во изјава за „Еуроњуз“.
– Ако повторно наидеме на тешкотии со Северна Македонија, што значи дека не сме успешни во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија за обострано прифатливо решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија – кажа Вархеи, додавајќи дека раздвојувањето би можело да биде опција.
Вархеи ја најави можноста за раздвојување на Македонија и Албанија и за време на посетата на Скопје во вторникот.