Екатерина Захариева порачува
Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, по повод синоќешната средба со министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи.
Захариева потврди дека двајцата разговарале за претстојното свикување на меѓувладината конференција, но истакна дека датумот треба да биде објавен од двете страни.
– Европската Унија не работи како Југославија, таа работи поинаку и ние и’ зборуваме за тоа на Република Северна Македонија од 2019 година – рече Захариева, потсетувајќи на почитување на Договорот за добрососедтсво и неопходноста од напредок во дијалогот.
Таа реече дека никој, вклучувајќи ги и САД, не може во иднина да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Македонија со ЕУ, доколку не се исполнети условите.
Захариева вчера оствари средба со министерот , Бујар Османи во Софија, каде разговараа за акцискиот план. По средбата, од Софија стигна порака дека Бугарија ја поддржува европската интеграција на земјава, со исполнување на соодветни услови.