Последните денови во јавноста се шират гласови дека сегашната влада продолжува да функционира како поранешниот режим преку коруптивни методи и вработување на семејствата на министри, пратеници и други владини функционери, велат од Движењето БЕСА.
Во продолжение интегрално ви го пренесуваме целото соопштение:
Движењето Беса реагира на овој феномен на непотизам и корупција како земја со резервирано место во НАТО Алијансата, државата мора да работи на владеењето на правото, искоренувањето на криминалот и корупцијата и елиминацијата на непотизмот, но врз основа на трудот на академски и професионални повици.
Граѓаните не им дадоа доверба на оваа влада да ги вработат нивните роднини во институциите каде што платите надминува два пати од минималната плата во земјата, а од друга страна секој ден илјадници граѓани ја напуштаат државата, бидејќи владејачките партии во земјата наместо да создадат работни места за граѓаните они вработуват свои членови на семејствата.
Бараме од институциите да се испита непотизмот кој веќе се појавија во медиумите последните неколку дена и да ги испитат сите коруптивни конкурси од неколку министерства кои фаворизираат одредени групи блиски до владините функсионери.