Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, свика седница на Централното претседателство на партијата која што ќе се оддржи денеска со почеток во 15 часот во партиското седиште во Тетово.
На седницата ќе се говори околу четвртиот изборен конгрес на Демократската унија за интеграција, идните програмски определби и статутарни промени.