Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности, напиша лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на социјалните мрежи.
– Преовладуваше свеста за заедничките достигнувања, слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, евроатлантската ориентација на нашата земја и сигурната прозападна иднина. На нашата земја и треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост. Негирањето на Охридскиот, Преспанскиот договор, добрососедството, но и НАТО, ЕУ, Република Косово, албанскиот јазик не може да имаат место овде – додава Ахмети.
Тој воедно нагласи дека нема да постапуваат ниту со емоции ниту со еуфорија.
„Засекогаш заедно!“, порача лидерот на ДУИ.