Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, порача дека комуницираат со партиите со евроатлантска определба и стратешките партнери, по најавата дека е создадено ново парламентарно мнозинство од сите опозицииски партии.
– Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите партии, освен оние кои го негираат Охридскиот договор, Преспа, добрососедството, НАТО, Република Косово и Албанците – напиша Ахмети на Фејсбук.
Исто така, за актуелните случувања, Ахмети рече дека е во контакт и со стратешките партнери – САД, НАТО и ЕУ.
– Нема да постапуваме ниту со емоција, ниту со еуфорија – наведе Ахмети.
Вели дека има многу телефонски повици, пораки и поддршка од сите страни, а во неможност е да одговори на сите.