Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по предвремените парламентарни избори од 15 јули, упати покана за заедничка средба со претседателите на парламентарните партии од албанскиот блок.
Како што информираат од ДУИ, средбата би требало да се одржи во четврток напладне, на годишнината на Охридскиот рамковен договор, во скопскиот хотел „Парк“.
На истата поканети се Африм Гаши од Алтернатива, Билал Касами од Беса, Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Мендух Тачи од ДПА.