Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на првиот ден од изборната кампања во медиумите, констатирала дека спротивно на законот, повеќе телевизии, емитувале платено политичко рекламирање во кое учествуваат малолетници.
– Потсетуваме дека за содржината на платеното политичко рекламирање одговорноста е кај нарачателите, но радиодифузерите се одговорни за законитоста на неговото емитување – велат од ААВМУ и апелираат радиодифузерите веднаш да престанат да ги емитуваат овие спотови, а учесниците во изборната кампања да го усогласат нивното платено политичко рекламирање со законите.
Од Агенцијата проачуваат радиодифузерите внимателно да ги прегледуваат сите содржини и да одбијат да ги емитуваат оние со коишто се прекршува не само Изборниот законик, туку и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.