Од предговорот на книгата „По вирусот: Повторното раѓање на мултиполарниот свет“
- Бруно Макаис, поранешниот министер за надворешни работи на Португалија, забележувајќи дека либерализмот насекаде ја одделува Европа од нејзините историски корени, живописно го кажа тоа во една мисла: „Веќе не може да се најде старата таписерија на традиции и обичаи или визијата за добар живот во тие општества, тоа е изгубено во Европа“…
Сè појасно е во која ера всушност влегуваме да живееме: Ерата на западната хегемонија завршува, влегуваме во ерата на мултиполарност. Во такви услови, исклучително е важно да се оддалечиме од западната кодификација на свеста, да престанеме да го гледаме светот низ либерални очила, а тоа, конечно, не е само значајно туку и неопходно. Оваа транзиција очигледно е болна, промените се брзи и турбулентни, а ваквите периоди носат со себе големи опасности. Книгата („Преродбата на мултиполарниот свет“) не се обидува да ги предвиди проблемите со кои ќе се соочи човештвото по распадот на западната хегемонија и не оди толку далеку во иднината. Споменатата книга сака да отфрли еден приговор што несомнено ќе биде насочен кон неа: дека ова е „антиамериканска книга“. Но,оваа книга не е тоа! „Непријателот“ овде не е американскиот народ, туку „американизмот/либерализмот“, кој го шират „американските елити на длабоката држава“: таа месијанска идеологија што ги направи САД предводник на „Западот“ и најчесто на негова штета. Всушност, американскиот народ и неговите вистински елити се соочуваат можеби со најтешката задача: да отфрлат вистински тоталитарна идеологија и да најдат алтернатива за неа. Да ја отфрлат идеологијата што негира и поништува, во име на наводно „универзалната (западна) цивилизација“. (?!)
Либерализмот насекаде ја одвои Европа од нејзините историски корени
Западот, или треба да се напише „Западот“, всушност не е цивилизација, туку идеологија што само ја имитира идејата за цивилизација. Тоа е важен заклучок. До скоро, Западот се темелеше на неколку сомнителни вредности, кои, на крајот, можат да се сведат на комерцијални активности. Ова го признава и Бруно Макаис, поранешниот министер за надворешни работи на Португалија, забележувајќи дека либерализмот насекаде ја одвои Европа од нејзините историски корени („Веќе не можете да ја најдете старата таписерија од традиции и обичаи или визијата за добар живот во тие општества; тоа е изгубено засекогаш во Европа“). Впрочем, либералното „гледиште на светот“ не ги поставуваше таканаречените големи прашања, ниту даваше одговори на нив. Филозофски, тој ги претпочиташе себичниот поединец и неговите каприци. Во пракса, во геополитичка смисла, тој се претвори во едноставно оправдување на западната (вклучително и американската) хегемонија. Арис Русинос, друг истражувач на држави цивилизации, пишува дека: „Западот, со либерализмот… е само идеологија што сака да го оправдува постоењето на империја“. Според Кладуди Мути, концептот на „Западот“ е „идеолошка алатка што ја користи американскиот империјализам за трајно да ја врзе Европа за себе“.
„Враќањето“ на мултиполарноста се случува како знак на враќање на
цивилизациите на историската сцена
Америка сигурно нема да исчезне (освен во случај на нуклеарна војна, исход што е малку веројатен). Сега е на американскиот народ повторно да го пронајде својот „логос“. Тоа е, имено, да го пронајде сопствениот, автентичен одговор за тоа како да се постои во свет составен од различни народи, од „различни цивилизации, човештва“.
Враќањето на мултиполарноста се случува како знак на враќање на цивилизациите на историската сцена; историјата се враќа на својата голема тема и на своите извори. На американскиот народ му се достапни многу опции во овој поглед. Нема потреба ние (особено не на ова место) да ги предвидуваме. Бидејќи „секое општество се базира на посебна антропологија“, односно „има посебна идеја за тоа што е човек“. Тоа не е лесно прашање.
Контурите на новиот мултиполарен свет се јасно видливи. Нема потреба да се занимаваме со детали, ниту е можно, бидејќи иднината е всушност непредвидлива. Доволно е, можеби, да се претпостави општата насока. Сегашната ситуација е неодржлива, барем на долг рок, бидејќи го навредува чувството за самопочит и човеково достоинство, кое е поважно од сите материјални претпоставки. Таквиот став, всушност, го негира другото човечко суштество, ги негира неговите најдлабоки мотиви и нагони, го негира во неговата човечка суштина.
Автор: Борис Над
Авторот е писател, публицист и независен истражувач


































