Влијание врз пратеници од моја страна немало. ВМРО-ДПМНЕ треба аргументирано да ѝ се спротивстави на Бугарија, порача преку Фејсбук поранешниот премиер во бегство Никола Груевски, кој е во Будимпешта.
Тој повторно го спомна и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Мицкоски раскажува дека ако станел премиер ќе ме апсел. Тој би бил најсреќен ако ме удри трамвај во Будимпешта – напиша Груевски.
Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ побара и да се вклучи во живо на партискиот Централен комитет што се одржува вечерва.
– Доколку на седницата на Централниот комитет вечерва се зборува за мене, би сакал да се вклучам во живо – наведе Груевски во објавата на Фејсбук.