Фото: „Нова Македонија“

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница утврди листа од 25 кандидати за градоначланици кои ќе учествуваат на претсојните локални избори. За кандидат за градоначланик на град Скопје, анкетитетите и анализте се се уште во тек.

Генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски по седницата изјави дека станува збор за 25 кандидати од кои најголем дел се покажале со својата досегашна работа како градоначалници.

-ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите кои што се предложени од ИК на партијата убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат. Сите кандидати кои што се избрани го имаат поминато тестот на граѓаните во изминатите четири години, а тоа го потврдуваат и анкетите. Сите кандидати предложени од ВМРО-ДПМНЕ водат 4, а во некои општини и 5:1. Сите кандидати ги исполнуваат сите квалитети за градоначалник. Се работи за чесни, одговорни, работни и експедитивни луѓе. Најголемиот дел од нив се веќе постоечки градоначалници, кои направиле вистинска трансформација во нивните општини, а другиот дел се луѓе кои имаат сила и знаење да го променат темпото на работа во општините кои до сега се водени од кадри на СДСМ – кажа Сајкоски.

Тоа се следните кандидати:

1. Аеродром – Дејан Митески

2. Бутел – Дарко Костовски

3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски

4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски

5. Штип – Иван Јорданов

6. Велес – Марко Колев

7. Свети Николе – Дејан Владев

8. Карбинци – Виктор Паунов

9. Градско – Киро Нацков

10. Кавадарци – Митко Јанчев

11. Гевгелија – Андон Сарамандов

12. Зелениково – Коста Маневски

13. Илинден – Александар Георгиевски

14. Конче – Златко Ристов

15. Делчево – Иван Гоцевски

16. Ново Село – Ѓорге Божинов

17. Василево – Славе Андонов

18. Босилово – Ристо Манчев

19. Берово – Петар Ружински

20. Петровец – Борче Митевски

21. Битола – Тони Коњановски

22. Охрид – Кирил Пецаков

23. Вевчани – Спасе Кочовски

24. Брвеница – Јовица Илиевски и

25. Јегуновце – Димитар Костадиновски.

Сајкоски додаде дека во исто време се одвиваат и внатрепартиски избори за советници, преку Месните комитети и Општинските комитети, при што и граѓаните кои не се партиски определени слободно можат да се вклучат да даваат свои предлози за советници.

-Потребно е заедништво за да градиме државни цели. Ги повикуваме сите да се надминат себе си и да ја стават Македонија пред се. Со кандидатите кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ веруваме дека тоа може да се случи. ИК предочи дека пред Македонија е во изборен период, во кој ќе се одлучува за тоа Македонија дали целосно ќе се стави на патот за трансформација. Заклучено е дека во сите општини преовладува желбата раст, развој, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Очекуваме победа секаде. Македонија ќе победи. Доаѓа ново време – порача Сајкоски.

На новинарско прашање за тоа кој ќе биде кандидат за градоначланик на град Скопје, тој кажа дека се уште се во тек анализите и анкетите ид од ИК и од куќите кои ги имаат ангажирано за анкети. Нагласи дека во оптек се повеќе имиња од кои некои се веќе спомнувани како министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначланикот на општина Кисела Вода Орце Ѓоргиевски.

-Следното објавување на кандидати би требало да биде до 10 јуни и после тоа ќе видиме како што ќе оди динамиката со другите кандидати така ќе биде објавено и името за кандидат за градот Скопје. Целиме да го избереме најдобриот кандидат за град Скопје за да може да помогнеме на хграѓаните максимално и преку централната и преку локалната власт за да имаат подобар квалитет на живот – нагласи Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајковски.