Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ постави плакати со изјави од премиерот Димитар Ковачевски и на неговиот претходник Зоран Заев, со кои тврди дека тие лажеле оти македонската историја и идентитет се заштитени.

– Најдесно од мене се гледа колку искрено поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев ни го соопштуваше датумот за почеток на преговори со ЕУ, кој освен фотоможност и „купи ден, продај политика“ не се материјализираше во ништо друго. Ги гледавме во авиони како се сликаат, на социјалните медиуми, пред граѓаните во Шуто Оризари, како лажат и предаваат – истакна Борис Шамбевски.

Поставени се и две изјави на премиерот Димитар Ковачевски за јазикот и за историјата, за кои се вели оти се спротивни на содржината на протоколот за преговори со ЕУ.

– Ни останува прашањето, ако се исто толку посветени на државните интереси колку што се искрени дали на некому сѐ уште му е нејасно зашто македонскиот народ ги нарекува предавници – беше прашано во текот на перформаност.