Владејачкото мнозинство е комотно, комфорно, речиси две третини од пратениците во Собранието ја поддржуваат оваа Влада, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, дали ќе има проширување на владејачкото мнозинство.
-Така што, може да има, а може и да нема. Владата продолжува да испорачува тоа што го очекуваат граѓаните – изјави Мицкоски.
Прашан за носењето на реформските закони, за кои треба Бадентерово мнозинство, Мицкоски рече дека не сите од овие закони зависат Бадентер, некои се носат со „80 пратеници, со 2/3 мнозинство од тие закони“.
Примерот додаде дека при носењето на законите во Парламентот од обезбедување на Бадентер зависи промената на Законот кој треба да обезбеди плата на Инспекторатот за употреба на јазиците.
-Понатаму, промената на Законот, во којшто овој Инспекторат треба да влезе под ингеренции на Агенцијата, Програмскиот совет во МТВ, Советот во АВМУ – рече Мицкоски.
Што се однесува до Изборниот законик, Мицкоски вели дека е законик којшто е надвор од оние закони што беа дел од реформите за деловникот за работа во Собранието, каде што има јасни рокови во постапките.
-Изборниот законик е потребно да има политички консензус. Затоа што може некоја од политичките партии повторно да аплицира филибастеринг и да не се донесе Изборниот законик. Но, тоа не значи дека треба Бадентер. Треба да имаме политички консензус и од она што го имам како информација, таков има. Ќе видиме кога ќе влезе во собраниска процедура. Едно од барањата за планот за раст е токму носењето на Изборниот законик – вели Мицкоски.
Прашан како ги коментира реакциите на невладините организации дека сепак прагот за собирање на потписи за независни листи е висок, премиерот рече дека не може како да го коментира, но посочи дека во Германија за да се влезе во Бундестагот требаат пет проценти, во некои други држави изнесува три, четири и повеќе проценти.
– Видете може да се појави и некој да не е задоволен. Ние не можеме демократијата е таква да, ние да забраниме незадоволство или задоволство. Ги прифаќаме тие пораки ги анализираме и носиме најдобри решенија, коишто одговараат на потребите на граѓаните, а не на поединци или на поедини Невладини – рече Мицкоски.