Владата на Кирил Петков падна по гласањето недоверба во Народното собрание, јави собранискиот известувач на „БГНЕС“. Со 116 гласови „за“ Владата и 123 против, од вкупно 239 пратеници, изгласана е недоверба на Владата на премиерот Петков. Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков. Го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на Владата.
Како што пренесува „БГНЕС“, големиот камен на сопнување беше почетокот на разговорите меѓу Македонија и Европската Унија, на кои Софија стави вето поради непочитување на Договорот за добрососедство од 2017 година, говорот на омраза, уништувањето на бугарските културни споменици и фалсификувањето на бугарската историја.
Од првите денови на неговото владеење, Петков и неговиот советник за надворешна политика водеа еднострана политика кон Скопје, заобиколувајќи го МНР и одлуките донесени едногласно во 2019 година – Рамковниот став на бугарскиот парламент и владината декларација, додава „БГНЕС“.