Владо Бучковски, кој беше поставен за специјален претставник на Македонија за Бугарија, е разрешен на денешната владина седница.
Според „Фокус“ ваква точка поминала како дел од дневен ред за кадровски прашања, без притоа да се наведат причини за разрешувањето.
Инаку, владата на Зоран Заев на крајот на 2020 година го именуваше Бучковски за специјален претставник за Бугарија во време кога се отвори спор меѓу двете земји.
Притоа, при крајот на ланската 2021 година, владата му го продолжи мандатот како олеснувач на дијалогот меѓу Скопје и Софија.
Бучковски е разрешен во пресрет на изборот на нова влада предводена од лидерот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски.