Фото: „Нова Македонија“

Еден посеопфатен приод при опсервација на последиците предизвикани од Преспанскиот договор на седумгодишнината од неговото потпишување

  • Не може да се менува или суспендира меѓународното право. Правото на самоопределување и самоидентификација на македонскиот народ е универзално,
    неотуѓиво, неотстапно и неприкосновено, веќе е апсолвирано право со ова за обновувањето на суверена и самостојна држава Македонија, на првото заседавање
    на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на државата Македонија на 2 август 1944 година во манастирот „Прохор Пчињски“ и не подразбира
    само право на име на народ и држава туку и на јазик, култура и историја
  • Да потсетам дека и Меѓународниот суд на правдата во Хаг во врска со тужбата поднесена од Македонија на 17 ноември 2008 година против Грција, во објавената пресуда на 5 декември 2019 година утврди дека Грција „го прекршила членот 11 од македонско-грчката привремена согласност од 13 септември 1995 година согрчкото вето за приемот на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт одржан на 3 и 4 април 2008 година“!„Грција не смее да го повторува своето однесување со ново прекршување и затоа судот не ѝ наложил на Грција да постапува по членот 11. Имено, општо правило е оти нема причина да се претпостави дека државата чиј акт или однесување бил оценет како погрешен од страна на судот, ќе го повтори таквото однесување воиднина“…

Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, а народ без историја нема своја иднина, уште повеќе тој кој ја заборава, ја повторува, вреди да се присетиме за времето од пред неколку години. Имено, пред седум години, на 17 јуни 2018 година, министерите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, го склучија договорот во македонското село Нивици во егејскиот дел на Македонија, кој официјално го носи името „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 8.1.7. 1993. и 8.4.5. 1993. на Советот за безбедност на Обединетите нации“. Но, претседателот на Р Македонија, тогаш, со писмен допис (од 26 јуни 2018 год.), го извести Собранието за причините поради кои не го потпишува Указот за прогласување на Закон за ратификација на договорот Димитров-Коѕијас донесен од Собранието на 20 јуни 2018 година. Во оваа пригода потсетувам дека и при повторното гласање по Законот за ратификација на договорот Димитров-Коѕијас во Собранието на 5 јули 2018 година, претседателот на републиката, професор Ѓорге Иванов, повторно не го потпишува указот за негово прогласување, останувајќи на забелешките од првото гласање во Собранието, поради што овој закон де јуре и де факто не постои во внатрешниот правен поредок на државата Македонија!

Улогата на Уставниот суд на Македонија

Светскиот македонски конгрес (СМК) тогаш веднаш побара Уставниот суд на Македонија да го поништи договорот, затоа што „не е потпишан Указот за прогласување на Закон за ратификација на договорот Димитров-Коѕијас“. Уставниот суд одржа една седница, ја продолжи на 18 март 2021 година, по три години. (!?)
СМК поднесе иницијативи, а и кривични пријави против уставните судии, заради „судење во неразумен рок“. Издвојувам дека потоа Уставниот суд оцени дека не е во негова надлежност да одлучува за согласноста на меѓународните договори со Уставот.
СМК тогаш го потсети Уставниот суд дека „овој преседан го дерогира уставниот поредок, затоа што за првпат Уставниот суд, иако предходно имаше за вакво нешто уставноправна пракса“, но жалосно што научната фела соодветно не го подзема и истретира соодветно ова, ниту пак Собранието влезе во коментар во однос на оваа пресуда на Уставниот суд.
Инаку, за потсетување, одлуката на референдумот одржан на 8 септември 1991 г. на кој 1.132.981 граѓанин или 75 отсто од вкупните запишани избирачи, 1.495.807, гласаа ЗА суверена и самостојна држава Македонија, без додавки и без придавки, беше видено и од Декларацијата донесена на Собранието на Македонија на седницата одржана 7.9.1991 г. и резултатот од референдумот во Р Македонија одржан на 8.9.1991 г., при што истовремено ги потсетивме и Уставниот суд и јавноста дека „на референдумот одржан на 30 септември 2018 г. НЕ гласаа две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци и други граѓани. Така, истовремено избирачите не гласаа за членство на Македонија во Европската Унија и во НАТО и го отфрлија договорот Димитров-Коѕијас од 17 јуни 2018 г. за промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ.
Но, за жал, Собранието постапи спротивно од волјата на избирачите и од референдумот на 8 септември 1991 г. и од референдумот одржан на 30 септември 2018 г. и на 11 јануари 2019 г. Собранието со двотретинско мнозинство со купени пратеници ги донесе уставните амандмани 33, 34, 35 и 36 за промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ.

Извршени најтешки кривични дела според КЗ на Македонија

Сакам да потсетам дека Законот за ратификација на спогодбата Димитров-Коѕијас и Законот за ратификација на спогодбата Димитров-Коѕијас неуставно беа објавени во „Службен весник на Р Македонија“ на 14 јануари 2019 г., без потпис на претседателот на Р Македонија за прогласување на законот, што е во спротивност со членот 52 став 2 од Уставот, во кој се вели законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Р Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.
Пратениците и членовите на Владата со донесувањето на амандманите 33, 34, 35, 36 на Уставот на Р Македонија на 11 јануари 2019 г. за промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ, практично извршија најтешки кривични дела според Кривичниот законик на Македонија. Велепредавство, геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува, зашто, кога и да е, мора да одговараат пред судот на историјата, народот и правдата, со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на семејството, дома и во светот. Промените на името на државата со уставните амандмани 30, 34, 35 и 36, донесени на седницата на Собранието од државата на 11 јануари 2019 г. поради примена на договорот Димитров-Коѕијас од 17 јуни 2018 г. се ништовни, бидејќи договорот Димитров-Коѕијас не е дел од внатрешниот правен поредок на државата Македонија, односно не е ратификуван во согласност со Уставот.

Правни недоследности за Преспанскиот договор

Договорот (Преспанскиот договор) не е потпишан од претседателот на Републиката, кој е надлежен да го стори тоа, туку министерот за надворешни работи без активна легитимација го направи тоа. Второ, не е потпишан указот за прогласување на Законот за ратификација на договорот Димитров-Коѕијас од страна на претседателот на Републиката, туку само од претседателот на Собранието, што е во спротивност од членот 75 став 2 од Уставот. Трето, указот за прогласување на Законот за ратификација на договорот Димитров Коѕијас е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ без потпис на претседателот на Републиката на указот за прогласување на Законот за ратификација на договорот Димитров-Коѕијас. Токму поради овие работи, СМК поднесе кривични пријави против претседателот на Собранието и против директорот на јавното претпријатие „Службен весник на Република Македонија“, затоа што спротивно на законските овластувања и надвор од надлежностите утврдени со закон го објавија Законот за ратификација на спогодбата Димитров-Коѕијас. И четврто, Законот за ратификација на договорот Димитров-Коѕијас е донесен на 5 јули 2018 година, а во „Службен весник“ е објавен дури на 14 јануари 2019 година, по 186 дена.

И Меѓународниот суд на правдата во Хаг во врска со тужбата поднесена од
Македонија утврди дека Грција го прекршила членот11 од македонско-грчката привремена согласност

Не може да се менува или суспендира меѓународното право. Правото на самоопределување и самоидентификација на македонскиот народ е универзално, неотуѓиво, неотстапно и неприкосновено, веќе е апсолвирано право со ова за обновувањето на суверена и самостојна држава Македонија, на првото заседавање на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на државата Македонија на 2 август 1944 година во манастирот „Прохор Пчињски“ и не подразбира само право на име на народ и држава туку и на јазик, култура и историја.
И Меѓународниот суд на правдата во Хаг во врска со тужбата поднесена од Македонија на 17 ноември 2008 година против Грција, во објавената пресуда на 5 декември 2019 година утврди дека Грција го прекршила членот 11 од македонско-грчката привремена согласност од 13 септември 1995 година со грчкото вето за приемот на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт одржан на 3 и 4 април 2008 година дека, цитирам: „Грција не смее да го повторува своето однесување со ново прекршување и затоа судот не ѝ наложил на Грција да постапува по членот 11. Имено, општо правило е оти нема причина да се претпостави дека државата чиј акт или однесување бил оценет како погрешен од страна на судот, ќе го повтори таквото однесување во иднина“, завршен цитат.

Македонија речиси спроведе сѐ, а Грција безмалку ништо

СМК потсетува дека Владата го прифати амандманот на пратениците од Беса на седницата на Собранието одржана 11.1.2019 година и тој стана составен дел на членот 2 став 2 од Уставниот закон за спроведување на амандманите 33, 34, 35, 36 на Уставот на државата Македонија, во кој се вели, цитирам, државјанството ќе биде македонско, цртичка граѓани на РС Македонија, што не определува ниту ја предодредува етничката припадност на граѓаните.
Врз основа на овој амандман, Никола Димитров, подоцна како министер за надворешни работи, испрати нота до Министерството за надворешни работи на Хеленската Република од 16.1.2019 година со појаснување дека, цитирам, во духот на договорот, терминот националност на втората страна, се мисли на Македонија, граѓанин на РС Македонија, се однесува само на државјанството, а не го дефинира или однапред ја определува етничката припадност. Етникумот, како што е тоа пропишано во членот 2.2. од доставениот закон за примена на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Р Македонија. Оваа нота од тогашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, грчкиот премиер тогаш, Алексис Ципрас ја прочита во парламентот во Атина, за време на гласањето доверба на неговата влада и тој тогаш беше многу дециден. Соседите, освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава, односно ги појаснуваат деловите обврзани со јазикот и државјанството. Нашите соседи во овој текст појаснуваат што е правно обврзувачки и ги повторуваат обврските што произлегуваат од договорот. Прво, дека терминот националност се однесува искучиво на државјанството и не се дефинира или сугерира прашањето на ентитетот и, второ, дека јазикот на нашите соседи, како што е спомнато во договорот и е признаен на конференцијата на ОН во 1977 година, припаѓа на групата јужнословенски јазик, завршен цитат.
Тоа е во врска со историјата на овој договор. Инаку, Македонија речиси спроведе сѐ, а Грција не ги ратификува трите меморандуми за соработка потпишани во 2019 година. За првпат тие меморандуми беа доставени во грчкиот парламент на средината на септември 2020 година, меѓутоа сѐ уште не се ратификувани и покрај тоа што опозициската политичка партија Сириза полани ги достави и по вторпат во парламентарна процедура за да бидат ратификувани.

Тодор Петров

Во текстот се користени извадоци од интервјуто за Македонското радио