- „ ЕВРОПА. Принцеза што умира и најголемиот Гордиев јазол. Ќе го реши Трамп со еден рез – плати! Може да си десен, лев, среден – плати, па клати. Капиши? Ултрадесните групи во ЕУ негуваат надеж, бидејќи левите ја оплескаа. А што е тоа „лев“ или „десен“? – Пропаганда! Сѐ е тоа хибрид, меланж, лажење, мачкање на мозоците на овците. Европа е прекрасна – ја поминав младоста со шеткање ваму-таму. Средба на морињата, херои, нобеловци… Боже, каква колкавост
- Имам еден „ханч“ (интуиција). Замислете линија север-југ, од Словачка, Унгарија (Орбан) плус Австрија, па Србија, Македонија (десетти коридор), со која се поврзува со Русија. Ако во второто полувреме се здружат со Русија, следува огромен економски бум. Ова не е само моја фантазија туку пред 24 години тоа ми го кажа еден американски генерал разузнавач. Ова ме потсетува на Метерних (постнаполеонски), кој го проучуваше Кисинџер, а и самиот имаше слични идеи и е респектиран од Трамп. По Метерних, може да се придружи и Франција, но да видиме како ќе бидат изборите
Флаш Гордон беше јунак на нашето детство, кој со фамозни потези летачки ги решаваше неправдите и сите проблеми. Ако претседателот Трамп има слична фаца и слични акутни настапи – дали ќе ги реши проблемите на светот? Ентузијазмот кон Трамп е затоа што тој докторски „боцна во туморот“ кај сите – војни, економија, мафии, мир, декаденции, понижувања…. Трамп е бизнисмен, со огромни политички амбиции, театрални и акутни настапи и спектакуларец. Доаѓа до црвени линии, но не ги преминува. Всушност, преку личноста на Трамп ние сакаме да создадеме слика на иднината, а не да одиме во лавиринтите на самата личност. Америка не сака друга доминација. Затоа не смее да стои. Ќе експандира хоризонтално (географски) и вертикално (индустрија, финансии, транспорт, иновации, кибер-технологија). Одредивме „орбита“ што САД ја манипулираат, но не ја поседуваат. Сака да се „пикне“ во јадрото. Дали може? Како ќе го стори тоа без војна? Службите. Во Израел-Газа има некаков палијативен успех? Ривиера (?). Суштината е длабока. Таму има верска омраза, нагон за мразење посилен од мајчинството и Бог. Има и длабоки интереси. Европа не сфаќа и не сфаќа и не сфаќа (исто така и ние) дека е инфицирана и инфилтрирана од џихадизмот и мразотија. Ножот сама си го набива. Трамп е повеќе заинтересиран за парите. Очекувам промена во второто полувреме.
АНТАРКТИК е вистински континент, со многу богатства, фосили, риби, и е регулатор на глобалната клима. Со него се заокружува „орбитата“. Не смее да се „чачка“. Antarctic Treaty е договор за истражувачки бази на 56 држави, без воени цели. Патролирање не е опфатено. Нацистите се обиделе да направат база. Мартин Борман пренел огромни количества злато во Јужна Америка, што е во „континуитет“ со проектот Антарктик. Кој го има тоа злато? Дреик, пасажот меѓу Јужна Америка и Антарктикот, е место за проаѓање на носачи на авиони и подморници што не можат низ Панамскиот Канал. Патролирање, а не окупирање. Засега.
СЗО И ОН. Светската здравствена организација (СЗО) е значајна институција. Добра намера што гори. Постојат корупција, пари, непотизам, игри – изборни и со фармакоиндустријата (бев инсајдер). Последно е дека преку нив се шверцуваше оружје за Газа (нашите медиуми не го кажуваат тоа). Трамп ја прекинува врската со СЗО, од една страна поради кажаните фактори, а од друга затоа што не сака да дава пари без фидбек. Во САД има најмалку две институции што се помоќни од СЗО. Тоа се NIH (National Institutes of Health) и CDC (Centers for Disease Control). Здравството во САД чини 4,5 трилиони долари годишно, три-четири пати повеќе од армијата, а здравствениот систем е ужас. Глобален аналог на СЗО е ОН (Обединети нации). ОН се во суштина гласачка машина, каде што бројот на гласови најмногу е од Третиот Свет. Виртуелна сила на слабите. Полтрон на ниските. Разузнавачки рулет во ладната војна. Третиот Свет традиционално е антиизраелски, антисемитски и „антиимперијалистички“. Во голема мера гласачката машина беше манипулирана и од Хрушчов и Тито („несврстани“), кои добија концесии во Африка за дијаманти и минерали (Конго-Лумумба, Кенија, Уганда, Ангола), ама ги свртеа милијардерите (Лев Левиев, Темпелсман). Не ја спречија израелско-арапската војна во 1967 г. При распадот на Југославија имаа „козметичка“ улога во Босна, Косово и во Македонија. Генерален секретар од 1971 до 1982 г. беше Курт Валдхајм, истакнат нацист, одговорен (информации) за холокаустот во Грција, Македонија и други места. Сега, во бруталната војна меѓу Израел и Хамас, ОН го помагаше Хамас (џихадизам) не само со резолуции туку и со шверц на оружје (повторно скриено од медиумите). Театри – безброј. Мојсов и Керим беа ретки светли точки. Трамп води војна со индиректни мерки – повлекување од Советот за човекови права, продолжено повлекување од УНРВА (Дипа Шиварам од Белата куќа, Џеф Мејсон). Сепак, ОН се многу важна формација, која влијае на општите стратегии, преговори, мир (?) и шпионажа (некои автори: Sanjuan, Lowe, Hanhimaki, Fasulo, Meisler). УСАИД (USAID) виси за „ремонт“. Исто така – Меѓународниот кривичен суд (кој е џихадистички и анти САД).
ЕВРОПА. Принцеза што умира и најголемиот Гордиев јазол. Ќе го реши Трамп со еден рез – плати! Може да си десен, лев, среден – плати, па клати. Капиши? Ултрадесните групи во ЕУ негуваат надеж, бидејќи левите ја оплескаа. А што е тоа „лев“ или „десен“? – Пропаганда! Сѐ е тоа хибрид, меланж, лажење, мачкање на мозоците на овците. Европа е прекрасна – ја поминав младоста со шеткање ваму-таму. Средба на морињата, херои, нобеловци… Боже, каква колкавост. Мислам дека секој треба да ги посети Париз и Лондон. За жал, сега се Афро-Азија. Историја, музеи, уметност, култура, херои, катедрали, бистроа, кафулиња, музика, концерти, ресторани, багети, сендвичи… мммм… Севилја, Каталонија, Андалузија, Кастилја – жив среден век, фламенко, куќите на моите далечни предци сѐ уште се таму. Види ја Холандија (барок), Германија – конструкција од старо и модерно, а потоа Италија – Римска Империја, Ватикан, ренесанса, питореска, музика, вино, јадења… види го Неапол, па умри! А Балканот некогаш беше најубав, славен, искон. Рушителите на Југославија го направија пепел, дистрофија, ништо! Тоа сме, великосторители и ништорители. Стари омрази на Турција-Грција демнат. Нацифашизам сегде. Европа е декадентна. Љубовта одамна беше младо момче и девојка, потоа пет со пет, па купишта какви било, калафурница, прво со сентиши, а потоа садофилија, ножеви, артерии… Може да ти речат дека си крокодил или боа или анаконда…. некои земји бараат легализација на зоофилија и други филии… „Ти, машко си“? – „Не бе, не – женско си, ај на операција“… рече учителката. Хомосексуалноста порано беше забранета (дури и со смрт), сега е обврска. Во Европа слатки се чоколадо и дебело црево. Така и работа може да најдеш во простор на чоколади. Нашите млади наоѓаат работа преку албанска и бугарска мафија. Пристаништата на ЕУ се мафија (и наша) – дрога, оружје, проститутки, трафицирање со алкохол, најнови дроги, органи…. Во улицата на тетка ми, некогаш елитен Париз, сега живеат Арапи. Влези и ќе те претепаат, како неа пред 20 години. Организиран притисок. Дали европската армија може да брани некого? Се гледа на украинскиот фронт. Украина сирота се претвара во ништо, апендикс. Некогаш ни помогна да ги одбиеме џихадистите, но ние не можеме да возвратиме. Сами ги уништивме бранителите. Срамно. На полиција и војска не верувам. Зеленски е мртов палјачо. Зошто го потенцираат? Камуфлажа. Наркодилер што згази девојче – со минимална казна. Мафија! И што ќе прави Трамп со нас? – Аман, пуштај црни листи! Клекнати сме. Значи, во првата фаза ќе собира пари од сегде (финансиска имплозија), а можеби во второто полувреме ќе ги погледа „пасиштата“. Во второто полувреме по мирот во Украина, САД ќе се здружат со Русија во нови концепти, а Европа ќе биде сираче. Ќе бидеме кираџии и ќе се купуваат скапи енергенти, машини и храна. Млади ќе си одат, но тоа бара посебна снаодливост. Излез за нас се коридорите и да се раатисаме од мафија за да може да се работи (земјоделство, медицина, банки итн). А Трамп? – Ќе го напушти ли историскиот сојузник ЕУ од светските војни и ладната војна? Прво – парите. Цените (нафта, намирници) – на небо, а стандардот во дупка. Второ, ќе ги чека изборите во Европа (некои ќе „фацилитира“) и со тие што „му прават ќеф“ (како Мелони или Орбан на пример) ќе соработува на високо ниво. Со Ердоган соработката на САД и Израел ќе се засили, екстремно е важна, но тука се многу важни и Курдите. Важна линија на САД е Египет-Газа-Израел-Сирија-Либан-Турција. Имам еден „ханч“ (интуиција). Замислете линија север-југ, од Словачка, Унгарија (Орбан) плус Австрија, па Србија, Македонија (десетти коридор), со која се поврзува со Русија. Ако во второто полувреме се здружат со Русија, следува огромен економски бум. Ова не е само моја фантазија туку пред 24 години тоа ми го кажа еден американски генерал разузнавач. Ова ме потсетува на Метерних (постнаполеонски), кој го проучуваше Кисинџер, а и самиот имаше слични идеи и е респектиран од Трамп. По Метерних, може да се придружи и Франција, но да видиме како ќе бидат изборите. Таму е апсолутно влијателен Ротшилд, кој го поддржува Макрон. Ротшилди влијаат и на Трамп, па дури и Русија („конгломератен империјализам“). За да се придружат Лепен и Меланшон, треба да се откажат од руското финансирање, антисемитизмот и џихадизмот. Германија – очекува десен шифт, па да влезе на голема врата Маск. Германија е САД, точка.
ДЕКАДЕНЦИЈА. Трамп е антидекадентист и тоа му донесе многу гласови. Фамилија, два пола, ослободување од ЛГБТ, религија и слично. Едно прашање: Како ќе спречи хомосексуалност? Генерацијата зед (родени по 1997) статистички велат дека 23 отсто се ЛГБТ. Еден податок од учебникот по интерна медицина Харисон уште од 1986 година вели дека хомосексуалци (манифестни, латентни) се над 30 отсто од мажите. Една правничка ми кажа дека си отишла од Њујорк, затоа што таму секоја жена „мора“ да легне со жена. Растат педофилија и сатанизам. И високи личности се уценети. Што ќе им прават? Ќе ја укине проституцијата? Ќе ги укине коцкарниците? Ќе ја укине дрогата? Трамп ќе го закочи само легалното цунами што го зафати светот задните децении (?). Можеби!
ГЛОБАЛИЗАЦИЈА И ДЕРЕГУЛАЦИЈА. Некои коментатори велат дека „глобализацијата е мртва“. Како може да тресат глупости? Глобализацијата постои од антички времиња (Александар, Рим, Аристотел). Дали Трамп ќе го укине интернетот, англискиот јазик, телефоните, транспортот, па дури и доларот? Санкциите со царини се ефикасни и опасни. Дали ќе ја укине медицината? Кога почнав да студирам медицина таа беше „француска“ и „руска“. Потоа купив книги од Америка и таа медицина сега е глобална (дури и во Кина или Иран или Камчатка). Ќе го укине капитализмот? Ќе ги укине парите и корпорациите? – Можеби – со биткоинот, но тоа ќе биде катастрофа. А мафијата? Кенедиевци рекоа дека ќе ја укинат и – како завршија? Мафијата е есенцијален извршувач… пари – пари (love me money – love me tender). Македонија врие лав-тендеристи. А рокенролот? Рок-музиката беше против глобализмот, а самата е глобализам. Советскиот Сојуз се обидуваше за кочење и – ете го. А дерегулација? Неговиот туш од укази е чиста антидерегулација. И јас сум против дерегулацијата, која ја спомнав во статијата за неолиберализам. Се остварува концептот за мултилатералност (САД, Русија, Кина), а не хегемонизам. З. Бжежински укажуваше на мултицентризмот во својата последна книга „Стратегиска визија“, за разлика од претходните. Глобализацијата на Буш Сениор (trade globalization, WTO, 75 отсто од извозот е САД, по нобеловецот Stiglitz) се менува, не заради Трамп, туку како природен процес (econophysics). Нападот на зградите близначки (седиште на СТО) е симболичен почеток. Економска војна – е глупост. Можеби е „тактичка мерка“ – провокација на рибаунд ефекти. Ќе го укине либералкапитализмот? Како да не!. Ќе биде шифт кон капитализам на благосостојба (wealthfare). Отпорите се огромни.
МАСК И ФАШИЗАМ. Маск е инвентивец. Потсетува на Алберт Шпер. Маск не е фашист, но е глумец, танчар и пароксизам. Еднаш даде антисемитска изјава, па се извинуваше. Одглуми фашистички поздрав (?). Прави „шифтови“ на парите. Трамп жестоко се противи на антисемитизмот и антихристијанството! ОДЕЊЕТО НА МАРС потсетува на Џон Кенеди кога рече дека САД ќе одат на Месечината. Роботи може и сега да пратат, но луѓе.… уште не.
Професор д-р Самуел Колономос Садикарио