Горан Илијевски / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Со Горан Илијевски разговаравме за проблемите со кои се соочуваат Македонците во соседна Србија, но и за македонската дијаспора, како и за тоа како Македонците од Србија гледаат на низата предизвици од политички, економски, безбедносен и друг карактер што ја засегаат Македонија, како македонската заедница размислува за начините за надминување на актуелните предизвици и каква би била нејзината поддршка…

Дел од интервјуто со Горан Илијевски, претседател на Партијата на Македонците во Србија бидат на државни функции, а уште помалку да одлучуваат за државата

Горан Илијевски, претседател на Партијата на Македонците во Србија, е еден од најангажираните Македонци кај нашиот северен сосед. Тој е активен чинител во унапредувањето на првата на македонската заедница во оваа држава, но и сврзувачко ткиво помеѓу Македонците од Република Србија и нивната матична држава. Покрај тоа што е претседател на Партијата на Македонците во Србија, Илијевски е познат политички аналитичар за состојбите во балканските држави. Со Горан Илијевски разговаравме за проблемите со кои се соочуваат Македонците во соседна Србија, но и за македонската дијаспора, како и за тоа како Македонците од Србија гледаат на низата предизвици од политички, економски, безбедносен и друг карактер што ја засегаат Македонија, како македонската заедница размислува за начините за надминување на актуелните предизвици и каква би била нејзината поддршка…

Најпрвин, кратко за предизвиците на Македонците од Србија, со што се
соочуваат тие и за што може да помогнат македонските институции?

Македонците се лојални граѓани на Република Србија, но наедно се припадници и неразделен дел од македонскиот народ. Оттука, Македонија како матична држава на сите Македонци, без разлика на местото раѓање или живеење, треба да го олесни доделувањето државјанства за оние Македонци што имаат желба да се стекнат со него. Процедурата за добивање македонско државјанство е многу бавна и сложена, а честопати документите се одбиваат без основа. Македонец од Република Србија веќе неколку години чека на македонско државјанство. Доколку внимателно анализираме, процесот на доделување и стекнување македонско државјанство е контрадикторно. Да спомнам еден куриозитет… Од една страна Македонија како држава им додели 12.000 државјанства на припадниците на албанската заедница, што беше потврдено од Демократска унија за интеграција (ДУИ), а од друга страна им беа доделени околу 200 македонски државјанства и пасоши на лица за кои се покажа дека имаат криминално досие. Истовремено на Македонците што живеат надвор од матичната држава им е оневозможено или им се отежнува да се стекнат со државјанство. Крајно време е македонските институции да станат сериозни и да се нафатат со решавање на овој проблем.

Кои се вашите пораки до политичките чинители во Македонија?

Македонските политички чинители, без разлика на партискиот колоритет, крајно време е да согледаат дека антагонизмот што го создаваат помеѓу Македонците негативно се одразува врз функционирањето на државата. Потребна е државна стратегија што ќе биде поддржана од сите македонски партии, стратегија што ќе го трансформира македонското општество. Македонските партии мора да се обединат околу принципите на борбата против корупцијата, владеењето на правото и меритократскиот принцип, само на овој начин Македонија ќе стане напредна држава. Потребно е да се стави крај на партизирањето на државата, со што Демократска унија за интеграција ја дуизираше Македонија во полза на партијата, а не во полза на албанската заедница. Од друга страна, во услови кога некој однадвор ги негира македонските национални особености, потребно е сплотување на македонскиот политички фактор, во спротивно тоа може да биде исползувано од надворешните фактори. Неединството меѓу македонските партии по националните прашање негативно се одразува и врз македонската дијаспора. Затоа за националните прашања треба да биде слушнато и мислењето на дијаспората.

За македонскиот јазик

Бидејќи македонскиот јазик е кодифициран и признаен во ООН пред 75 години, НИКОЈ (а камоли некоиси Бугари), ама никој, не може да го промени тоа, ниту да го оспори, бидејќи ООН е најголема и најрелевантна организација во светот. НИКОЈ, освен ние Македонците самите, со свои избрани пратеници, на кои не им пречи во најголемиот законодавен ДОМ некој командант да им држи збор на албански… Самите македонски пратеници го дозволија тоа и го изгласаа. За да се добие македонско државјанство, сѐ уште е услов да се полага познавање на МАКЕДОНСКИОТ јазик. Како се стекнале со македонско државјанство, а да не го познаваат јазикот многу лица?

За почитувањето на државните симболи

Тие што не ги почитуваат знамето и химната на Македонија не смеат да бидат на државни функции, а уште помалку да одлучуваат за државата. Нов закон за државјанства, да не се издаваат селективно, по ургенции, повеќе на сите други отколку на Македонците во дијаспората. Ќе станеме малцинство во сопствената држава. Тоа ли стана национален интерес, да нѐ има што помалку. Пописот во дијаспората како нерезиденти не го признаваме, доста лажење и исполнување на криминалните барања, испадна дека има помалку Македонци од Албанци во дијаспората.