Украина се надева дека ќе потпише договор во јуни за купување два нуклеарни реактора од Бугарија, бидејќи се обидува да ја компензира загубата на својата огромна централа со шест реактори, „Запорожје“, која сега е под контрола на Русија. Но Бугарија, членка на ЕУ, која претходно ја одредила цената (понудата) на двата реактора во висина од 600 милиони долари, сега постапува нефер и сака да ја зголеми цената на опремата, која, освен од Бугарија, може да се купи само од Русија…

Украина се надева дека во јуни ќе започне со инсталирање нуклеарни реактори од Бугарија

Петро Котин, претседателот на националното претпријатие за производство на нуклеарна енергија „Енергоатом“ од Украина, изјави пред медиумите на прес-конференцијата организирана во близината на нуклеарната централа „Пивденокраинск“ (Јужна Украина), лоцирана во близината на градот Јужнукраинск во областа Миколаев, околу 350 километри јужно од Киев, Украина, дека „Украина се надева дека ќе потпише договор во јуни за купување два нуклеарни реактора од Бугарија, бидејќи се обидува да ја компензира загубата на својата огромна централа со шест реактори, „Запорожје“, која сега е под контрола на Русија“.

Реакторите купени од Бугарија, а опремени со опрема од руско производство

Реакторите ќе бидат вградени во нуклеарната централа „Хмелницки“ во западна Украина и ќе бидат опремени со опрема од руско производство, што Киев сака да ја увезе од Бугарија, изјави Петро Котин за медиумите.
Двата реактора на Бугарија беа купени од Русија, а пред повеќе од пет години требаше да се користат за проектот за нуклеарната централа „Белене“, која сега е напуштена поради тоа што Русија повеќе не учествува во склопувањето на реакторите, а Бугарија не може да издржи самата да ги покрие трошоците.
– Украина започна сериозни разговори за купување на двата нуклеарни реактора од руско производство од Бугарија со пари од ЕУ, за да може подобро да се справи со идниот недостиг од електрична енергија – изјави бугарскиот премиер Николај Денков, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ја заврши својата прва посета на Бугарија минатата недела.
Петро Котин, претседателот на националното претпријатие за производство на нуклеарна енергија „Енергоатом“ од Украина, додаде дека „преговорите меѓу Владата на Украина и Бугарија продолжуваат“… нагласувајќи дека „некаде во јуни ќе го има резултатот од склучувањето договори со Бугарија за набавка“. Тој исто така додаде дека „поставил задача пред украинската градежна организација станицата „Хмелницки“ да биде инсталирана до јуни“ – мислејќи на првиот од двата реактора што ќе биде подготвен за инсталација веднаш.
Претседателот на националното претпријатие за производство на нуклеарна енергија „Енергоатом“ од Украина рече дека ако биде испорачан навреме и во целост, „Енергоатом“ ќе биде подготвен да започне со работа на новиот реактор за две-три години, период што исто така е потребен за производство на турбината за единицата.

Бугарија практикува нефер трговски практики, постојано зголемувајќи ја цената на чинење на двата реактора

Што се однесува до вториот реактор, се планира тој да биде инсталиран подоцна, а претседателот на националното претпријатие за производство на нуклеарна енергија „Енергоатом“ не даде прецизна временска рамка. Но тој, секако, рече дека Бугарија претходно одредила цената на двата реактора да биде 600 милиони долари, но дека Софија постапува нефер и сака да ја зголеми цената на опремата, која, освен од Бугарија, може да се купи само од Русија.
– Постои постојана желба од бугарската страна да оствари поголеми придобивки за себе од овие 600 милиони долари и колку повеќе минува времето, толку повисоки цени се изговараат, но ние сè уште сме фокусирани на цената од 600 милиони долари – рече Котин.
Тој рече дека „Енергоатом“, исто така, има намера да изгради уште два реактора во Хмелницки врз основа на американскиот реактор АП-1000 и дека компанијата ќе започне да става темел за двата нови блока на почетокот на април.

По загубата на „Запорожје“, Украина се потпира на нуклеарна енергија од три оперативни централи во земјата, со вкупно девет реактори

Како што е познато во јавноста, Русија ја презеде контролата врз станицата „Запорожје“, најголемата нуклеарна централа во Европа, откако започна војната во Украина во февруари 2022 година. Така, шесте нуклеарни реактори на „Запорожје“ сега се неактивни. А по загубата на „Запорожје“, Украина се потпира на нуклеарна енергија од три оперативни централи во земјата, со вкупно девет реактори, вклучувајќи и два реактора што моментално работат во централата „Хмелницки“.
Котин рече дека Украина не се откажала од плановите за рестартирање на централата „Запорожје“ еден ден и дека, за разлика од Русија, ќе може и ќе знае како да ја врати централата во мрежата.
– Тие (Русија) сè уште велат дека ќе ја рестартираат централата, но технички не можат да ја активираат бидејќи нема електрични линии, нема вода и нема персонал – рече Котин, додавајќи дека Москва не сака да го признае тоа на политичко ниво.
На бојното поле, украинските војници и самите се во незавидна положба откако се обидоа да спроведат контраофанзива минатата година, која се покажа дека не може да ги разбие руските одбранбени линии во регионот Запорожје. Откако браната Каховка беше крената во воздух, централата изгуби постојан доток на вода од реката Днепар, неопходен за енергетските единици, а централата досега има само мало снабдување во езерцето во близината на објектот. Котин рече дека во сегашните услови само еден реактор може да работи не повеќе од еден месец, а потоа мора да се исклучи поради недостиг од вода за неговиот систем за ладење. Тој истакна дека за да се рестартира станицата, или мора да се обнови уништената брана Каховка или да се изградат пумпи за снабдување со вода од Днепар.
– Потребни се некаде околу две години, но тоа се главно скапи мерки. За тоа време ќе може да се проверат сите системи и доколку нема саботажа, сите други системи ќе бидат подготвени за активирање – заврши Котин. Е.Р.