Иницијативи за активности во врска со прекуграничниот
железнички тунел на коридорот 8

Нацрт-договор за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел, кој ги поврзува Бугарија и Македонија, е испратен до македонската влада од страна на техничката влада во Софија. Во документот подготвен од бугарското Министерство за транспорт и врски се предлага двете влади да преземат конкретни и јасни обврски за имплементација на граничниот железнички тунел, кој се смета за клучен во коридорот 8.
Со потпишувањето на документот се предвидува договарање на техничките, финансиските, правните и организациските прашања поврзани со изградбата на тунелот, во согласност со европското и националното законодавство на двете земји потписнички.
Бугарија и Македонија треба да се договорат која земја ќе одговара за изградба на прекуграничниот објект, за јавни набавки и за надзорот на градежните работи. Планирано е создавање и заеднички работни групи за подготовка на потребната документација за тендерските постапки. Двете страни треба да се заложат и за обезбедување грант за изградба на објектот и соодветната железничка инфраструктура. Н.М.