Сакам да го изразам моето незадоволство од несоработката на клучните органи во државата со Народниот правобранител, а што се однесуваат на обезбедувањето соодветни услови за работа и поефикасно функционирање на институцијата, истакна на денешната прес-конференција Народниот поравобранител Насер Зибери, на која ги презентираше состојбите со човековите слободи и права во 2023 година.
– Ниту во 2023 година Собранието не успеа да ги избере петте заменици на Народниот правобранител во Скопје и за подрачјето на канцелариите во Тетово, Куманово, Штип и Струмица, што директно влијае врз работата на истите, ја намалува видливоста на институцијата и ја влошува заштитата на правата на граѓаните во тие подрачја. Со двегодишно одложување успеа да определи две од трите потребни невладини организации во тимот за граѓанска контрола при институцијата Народен правобранител, за третата постапката е во тек, но во исто време Министертвото за финансии не обезбеди средства истиот тим да функционира. Собранието со сериозно задоцнување го стави на дневен ред предлогот за измени и дополување на Законот за народен правобранител и со оглед на времето што овој состав го има на располагање, скептик сум дека измените ќе бидат донесени – истакна Зибери.
Во обраќањето тој нагласи дека неусвојувањето на овие измени и понатаму ќе биде пречка оваа институција, како национално тело за заштита на човековите права, да се акредитира со статус А во ОН според Париските принципи и Венецијанските начела, според кои кадровската, просторната и финансиската независност мора да се гарантираат со закон.
-Ние сме меѓу ретките во регионот која нема статус А и како таква не ги исполнуваме ниту критериумите од преговарачката рамка со ЕУ кога се во прашање поглавјата 23 и 24 во делот на фундаменталните права, за што имаме констатции, како во годишниот извештај на Европската Kомисија, така и во извештајот на оценската мисија на ЕУ. Министерството за финансиси со недавањето или давањето со неколкумесечно задоцнување на согласности, дури и за испразнетите работни места, директно влијаеше институцијата да не се доекипира и тоа за работни места за кои нема ниту еден извршител, као што е советник за меѓународна соработка, преведдувачи од англиски и албански јазик итн. Министерството две години по ред не одобрува соодветен износ за функционирање на посебните тимови на Народниот правобранител како што е националниот превентивен механизам, механзимот за граѓанска контрола, тимот за борба против нелегалната миграција и трговија со луѓе. Владата и понатаму не обезбеудва соодветни просторни услови за сместување на институцијата со што сериозно ги нарушува принципите на самостојност и финансиска независност – додаде Зибери.
На прес-конференцијата беа изнесени забелешки за примената на начинот на спроведување на Законот за облигацините односи, Законот за извршување и Законот за финансиско работење.
-Голем број претставки пристигаат за начинот на постапување на институциите од овие области за примената на законските измени, како и за начинот на пресметување на каматата, така и за застарување на предметите. Ако се анализираат одговорите на соодветните судови по постапување по претставките од граѓаните ќе се види дека од ниту еден суд две исти одлуки не можете да најдете. Финансиските друштва продолжија да одобруваат кредити преку онлајн апликации, не ја зголемија транспарентноста на критериумите и условите под кои истите се одобруваат и сето тоа доведе до сериозми злоупотреби и повреда на правата на граѓаните – истакна Зибери.
Народниот правобранител се осврна и на неодамнешната интервенција на МВР во полуотвореното одделение на казнено-поправниот дом Идризово, поточно во полуотвореното одделение, каде по увидот е констатирано дека имало примена на прекумерна сила врз затворениците, кои се стекнале со видливи повреди. Поради тоа, до ОЈО – Скопје ќе биде поднесено барање за утврдување кривична одговорност за дела сторени од лица со полициски овластување и на затворската полиција за кривично дело тортура, по член 142 од КЗ.
На крајот од прес-конференцијата, народниот правобранител ги изнесе забелешките за нарушувањето на детските права во областа на образованието, нагласувајќи дека претходната и актуелната учебна година се доцнело со навременото издавање на свидетелствата, немало учебници и не биле навремено дистрибуирани.
Во врска со неотпочнувањето со настава за децата од неколку основни, односно средни училита во општините Гази Баба, Велес и Чашка, Зибери информнираше дека биле побарани известувања од инспекторатот, Министерството за образование и од Општина Велес. По неколку обраќања Народниот правобранител добил известување од Државниот просветен инспекторат за пропусти во постапувањето на училиштата.
Народниот правобранител, на денешната прес-конференција за состојбите со човековите слобода и права истакна дека проблемот на лицата кои не можат да извадат документи по основ на имот може да се реши со измените на Законот за лична карта, но рече дека тој Закон повеќе од една година чека во Собрание.
-Тој проблем да се реши со измените на Законот за лична карта, бидејќи важечкиот Закон познава две основи за измена на адреса, тоа се прикажување на право на сопственост на недвижност, стан, куќа итн или договор за закуп со кој исто така се обезбедува престој во легален објект, трет начин не познава. Измените на Законот за жал уште не се донесени иако повеќе од една година чекаат во Собрание – истакна Зибери.
Тој коментираше и околу доцнењето на добивањето на лични исправи каде што граѓаните нема да можат да стигнат да ги добијат новите исправи во определениот рок, односно на 24 февруари, за коешто, како што кажа, Министерството за внатрешни работи беше принудена да отвори дополнителни пунктови, но го потенцираше и трошокот за издавање на овие исправи.
-Иако укажав на неколку наврати дека трошоците за обновување на овие исправи за сите граѓани кои поднеле барање за нови исправи, а дадени им се исправи со стариот образец, со името Република Македонија, по стапувањето на сила на измените на Уставот, требаше да ги сноси државата – нагласи Зибери.