Со договорот не се менува само името на државата, туку и идентитетот! Со промена на идентитетот, Преспанскиот договор навлезе во сферата на културен геноцид и затоа мора еднострано итно и безусловно веднаш да се раскине!
Еден договор е раскинлив доколку е геноциден, културоциден, етноциден итн., односно сите геноцидни договори се раскинливи! Но Атина не го гледа Преспанскиот како геноциден договор, туку како нормална спогодба, која нема ништо неправно кон неа. Затоа и говорат дека договорот е нераскинлив. Но тој договор флагрантно го крши принципот на културен суверенитет и затоа еднострано мора да се раскине од наша страна со еднострано праќање писмо до другата страна
За договорот со кој се кршат највисоките норми на меѓународното право, со кој една нација се оспорува и се крши принципот на самоопределување и самоидентификација
Според последниот член, Договорот од Преспа не може да се преговара, ниту пак може да се направи нов договор. Тоа е една крајна одредница со која нашиот идентитет е трајно изменет. Кога имаме еден таков договор со кој се кршат највисоките норми на меѓународното право, со кој една нација се оспорува и се крши принципот на самоопределување и самоидентификација.
Сиве овие работи се гарантирани со членот 1 од Повелбата на Обединетите нации и се влезени во сите документи со кои се гарантираат основните човекови права.
Кога се работи за кршење на основните колективни човекови права, никој никому не може да му оспори идентитет, или одземе или наметне, ниту да врши национална асимилација, ниту пак да негира нечиј идентитет.
Со договорот не се менува само името на државата, туку и идентитетот! Со промена на идентитетот, Преспанскиот договор навлезе во сферата на културен геноцид и затоа мора еднострано итно и безусловно веднаш да се раскине!
Договорот е раскинлив ако е геноциден, културоциден, етноциден итн. Сите тие геноцидни договори се раскинливи! Грците не го гледаат како геноциден договор туку како нормална спогодба, која нема ништо неправно кон нив. Затоа и говорат дека договорот е нераскинлив. Тој договор флагрантно го крши принципот на културен суверенитет и затоа еднострано мора да се раскине од наша страна со еднострано праќање писмо до другата страна.
Убеден сум дека Грција нема намера да оди повторно на суд, откако ја изгуби тужбата од Македонија во Меѓународниот суд на правдата на Организацијата на Обединетите нации, Судот во Хаг, на 5 декември 2011 година.
Ова што сега го прават со вербални закани е само обид да се исплаши нашата страна. Ако договорот биде еднострано раскинат по членовите 53 и 64 од Виенската конвенција за договорно право од 23 мај 1969 година, Меѓународниот суд на правдата во Хаг нема никаква јурисдикција. Во таков случај Судот во Хаг не е надлежен и не може ништо да стори.
Едноставно со една дипломатска нота, повикувајќи се на овие членови 53 и 64 од Виенската конвенција на договорното право, можеме да го раскинеме договорот, кој, според наше видување, е нелегален, бидејќи е геноциден и го оспорува правото на културен идентитет. Кога тоа право е оспорено, можеме да пристапиме кон еднострано раскинување на договорот.
Неважно е кој не го почитува Договорот од Преспа, Македонија или Грција.
Неважно е кој не почитува еден нелегален договор. Кога се работи за нелегален договор, сосема е нерелевантно кој не го почитува, иако Грција е таа што не го почитува со нератификацијата на протоколите за спроведување на договорот. Доколку договорот е нелегален, а со него се крши колективното право на национален идентитет, воопшто е неважно дали го крши Македонија или Грција. Кршењето нелегален договор не произведува никакви последици!
Грција кон договорот од 17 јуни 2018 година се однесува исто како со Привремената согласност од 13 септември 1995 година. И тогаш ние мораше сѐ да ратификуваме, тие не ја ратификуваа Привремената спогодба. Сега нема ни протоколите да ги ратификуваат. Со овој договор сѐ што е македонско е всушност грчко. Ние имаме правно ограничување и не сме Македонци, бидејќи ако сме Македонци, зошто би имале модификатор на идентитетот? Модификаторот на идентитетот покажува дека ние ниту сме биле ниту дека сега сме Македонци! Тоа е нелегално, бидејќи никој не смее на друг да му го модифицира идентитетот! Сите идентитетски договори се нелегални! Идентитетскиот договор со Бугарија како и идентитетскиот договор со Грција се нелегални! Сите тие договори се нелегални и затоа е неважно дали Македонија го испочитувала или не, со ставање „северна“ пред идентитетот, за да кажеш дека овие не се Македонци. Ако е тоа така, имаме работа со договор што мора да се раскине! Ако не може да се поништи по нормален пат, тогаш се раскинува со дипломатска нота.
Има разбирање за постапката на претседателката Силјановска-Давкова да не го употребува зборот „северна“. Таа знае дека тоа е индивидуално право. Но тоа не e само индивидуално право на претседател, министер или на премиер, тоа е колективно право што се однесува на целиот македонски народ, да се наречеме така како што сакаме. Taa има свое лично право да се нарече Македонка и својата држава да ја нарече Македонија. Претседателката свесно го стори тоа знаејќи дека тоа право припаѓа на индивидуалните човекови права и тоа индивидуално право го поседува.
Споредувајќи ги двата договор, со Грција и со Бугарија, сметам дека поштетен е Преспанскиот.
Преспанскиот договор бара порадикални чекори за раскинување. За бугарскиот договор отказниот рок е една година и тој престанува да важи. Згора на тоа, секоја страна може да го повлече доколку смета дека е штетен. Меѓутоа и едниот и другиот договор дејствуваат во ист правец. Едниот го ништи идентитетот, го калеми својот идентитет како наш, го претставува бугарскиот идентитет како македонски, всушност ги асимилира Македонците. Преспанскиот договор е анихилаторски договор со кој се врши национална анихилација, а Бугарскиот го поништува македонскиот идентитет и го вградува својот, а всушност се врши асимилација. Тоа е тој процес на бугаризација. Ако се раскине договорот со Бугарија ќе се спасиме и од француската преговарачка рамка бидејќи основата на таа рамка е бугарскиот договор. Ако се раскине Бугарскиот договор, ќе треба да се менува и француската преговарачка рамка.
Автор: проф. Игор Јанев