Со највисоки воени почести, во присуство на најблиските членови на семејството, претставници од македонската амбасада, како и претставници од Министерството за надворешни работи на Германија, денеска од Берлин беа испратени посмртните останки на амбасадорот Рамадан Назифи, кој почина во саботата во германскиот главен град.
Погребот на амбасадорот Назифи ќе се одржи утре во 13.30 часот во неговото родно место Радуше.
Министерството за надворешни работи во текот на наредната недела ќе организира комеморација, на која ќе се оддаде почит кон ликот и делото на амбасадорот Назифи.