Џорџ Сорос на прес-конференција со симболот на „крвавата дланка“ во позадина / Фото: принтскрин

Примерот во Непал беше буквално експлозија на општествено незадоволство, кое претходно со ништо не беше манифестирано, макар и со некакви мали назнаки дека работите во државата не одат во вистински правец. Гледано од тој аспект, логично се поставува прашањето што го предизвика огромниот гнев меѓу Непалците за да се случи толкава ескалација на насилства. Она што од првиот момент можеше да се забележи за време на насилните протести беше симболот на крвава дланка нанесен по ѕидовите низ Катманду, но и истакнат на паролите што ги носеа демонстрантите додека упаѓаа и го палеа парламентот и убиваа полицајци и цивили

Центрите на моќ што не се откажуваат од амбициите за контрола, и локална и глобална…

Во грозоморните насилства што неодамна се случија во Непал под изговор за борба со корупцијата настрадаа повеќе од 50 луѓе, а светот остана особено ужаснат од сцените на палење на домовите на функционерите, при што жива беше запалена и сопругата на поранешниот непалски премиер, а свирепо беа убиени и полицајци што веќе се предале.
Високиот интензитет на насилствата што се случија во само два дена беше главниот повод да се истражи што доведе до толкава ескалација на насилствата одеднаш, имајќи го предвид фактот дека проблем со корупцијата имаат многу земји во светот, но тоа се манифестирало со повеќедневни протести пред институциите, но и со други форми на граѓански отпор што се одвивале во подолг временски интервал. Примерот во Непал беше буквално експлозија на општествено незадоволство, кое претходно со ништо не беше манифестирано, макар и со некакви мали назнаки дека работите во државата не одат во вистински правец. Гледано од тој аспект, логично се поставува прашањето што го предизвика огромниот гнев меѓу Непалците за да се случи толкава ескалација на насилства.
Она што од првиот момент можеше да се забележи за време на насилните протести беше симболот на крвава дланка нанесен по ѕидовите низ Катманду, но и истакнат на паролите што ги носеа демонстрантите додека упаѓаа и го палеа парламентот.
Во разговор со повеќе аналитичари, особено оние што добро ги познаваат глобалните светски процеси, појавата на симболот на крвава дланка недвосмислено алудира на знак и сценарио подготвено од некои центри на моќ што сакаат да го наметнат сопственото финансиско-политичко влијание и во овој дел на светот, особено сега во моменти кога се прекројува светската геополитичка мапа.

И Балканот (беше) експериментален терен

Според аналитичарите, истиот симбол што се појави деновиве во Непал беше заеднички именител на сите протести организирани во регионот, а редовно придружени со насилства, напади врз државните институции, ширење дезинформации, со единствена цел, насилна промена на власта и инсталирање марионетски влади.
1. Соговорниците потсетуваат дека оваа кореографија беше видена и во 2003 година во Албанија, кога невладината организација „МЈАФТ!“, што во превод значи ДОСТА. Оваа организација беше активирана и финансирана од американски средства, а симболот на крвавата дланка многу брзо стана симбол на желбата за разбивање на системот (и земјата) во Албанија, што одговара на одредени веќе препознати либерални (странски) интереси. Во тој контекст, аналитичарите потсетуваат дека американскиот медиум „Фокс њуз“ пред неколку години ги коментираше изјавите на поранешниот албански претседател Илир Мета, во кои тој го обвини Џорџ Сорос дека е вмешан во заговор со цел преземање на државните врски и дестабилизација на земјата.
– Албанскиот претседател го обвини милијардерот, левоориентиран Џорџ Сорос, дека е вмешан во локалните избори, кои ги нарекува „фарса“, дел од заговор за преземање на сите врски на албанската држава – го цитираа американските медиуми тогашниот претседател Мета, притоа појаснувајќи дека сепак претседателот „не доставил никакви докази во поддршка на овие обвинувања“, но на видео од настан организиран од организацијата „МЈАФТ“, може да се забележи Џорџ Сорос пред симболот на крвавите дланки (банерот во заднина на неговата прес-конференција) како се обраќа на присутните.
2. Слична иконографија сега се случува и во соседна Србија каде што повторно се појавува симболот на крвавата дланка, а истиот тој се појави и во соседна Бугарија во периодот кога земјата се соочуваше со повеќемесечни протести против корупцијата.
3. Симболот на крвавата дланка добро го паметат илјадниците македонски граѓани што беа грубо изманипулирани за време на „Шарената револуција“, која беше странски проект наменет за поставување марионетска влада што требаше да го промени името на државата и на тој начин да го отвори патот за идентитетски инженеринг врз македонскиот народ, односно негово бришење, со цел целосно затворање на македонското прашање на Балканот. Таа 2016 година демонстрантите се собираа секое попладне и ги напаѓаа државните институции со боја, оставајќи отпечатоци од крвави дланки по ѕидовите.

Отпечатокот на „крвавата дланка“ не е туѓ ниту во светски рамки

Препознавањето на знакот на крвавата дланка не запира само на Балканот туку е присутно и на светско ниво.
Минатата година во мај, симболи на крвавата дланка беа насликани на Ѕидот на праведните, кој им оддава почит на луѓето што помогнаа да се спасат Евреите во Франција за време на Втората светска војна.
Познатата крвава дланка беше видена и во февруари 2025 година среде Капитол, на градите на отпуштените работници од Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) и нивните активисти, кои во знак на револт се тркалаа по мермерните сали на американскиот законодавен дом.
Крвавите дланки беа симбол и на палестинските протести во Индонезија. Висок функционер на австралиското Министерство за надворешни работи ја нарече смртната казна „злоупотреба на државната власт“ откако беше објавено погубувањето на двајца австралиски осуденици за дрога во Индонезија на крајот на април 2025 година. Интересно е што фотографијата со натпис „крвави дланки“ беше искористена во медиумите кога ја нападнаа оваа земја.
Една година по насилната револуција на „крвавите дланки“, Бангладеш е во урнатини.
Земјата минува низ насилни превирања и распаѓање на општествениот ред по минатогодишната револуција, со влошување на состојбата со јавниот ред и мир, значителни убиства од страна на неконтролирани толпи, масовни апсења и економски нарушувања на текстилната индустрија (водечката индустрија во земјата) и девизните резерви.
Ситуацијата со јавниот ред и мир се влоши, а убиствата од толпа и вонсудските убиства се во пораст по неодамнешните политички промени.
Масовните протести без јасен институционален план донесоа само краткотраен адреналински наплив, кој набрзо беше заменет со насилство, неединство и неизвесност.
За време на демонстрациите, графити со крвави отпечатоци од раце се појавија низ цела Дака како порака насочена против режимот обвинет за репресија, а тупаницата „Отпор“ ја доби својата бангладешка верзија.

Центрите на моќ подготвени да предизвикаат контролиран хаос

Во сите овие примери аналитичарите со кои продискутиравме околу целата симболика со крвавите дланки ни обрнуваат внимание дека се работи за некои опскурни сили што се координирани од еден или од повеќе идеолошко идентични политички и финансиски центар на моќ.
– Некаде од почетокот на 90-сеттите години на минатиот век, па сѐ до денес со светот владеат неколку големи центри на моќ што им отвораа терен на либералните и глобалистички сили да ги спроведуваат нивните политики. Во оној момент кога нешто не им одговара или ќе наидат на некаков отпор на нивните планови, ги активираат своите механизми за уривање влади, политичари, па дури и нивна физичка ликвидација ако не можат да ги корумпираат претходно. Едноставно не избираат средства. Првенствено играат на картата на креирање одредено незадоволство во општеството, па тоа полека го дозираат, за на крајот да го ескалираат и да го прикажат како некаков резултат на општествено незадоволство. Секое општествено незадоволство може да се надмине на избори, ќе се тргнат оние од кои народот не е задоволен и работата е решена. Но овие либерално-глобалистички сили не функционираат на тој начин. Наоѓаат логистика во одредена земја и преку разни невладини платформи истураат еден куп пари во проекти што имаат цел да ја нападнат актуелната власт, сето тоа затскриено зад параванот на поголема демократија, транспарентност, борба со корупцијата, човекови права. Впрочем, се виде каде и за што завршувале милиони долари од УСАИД тука на Балканот и пошироко низ светот. Затоа таа „крвава дланка“ што се појавува на секои насилни протести за уривање нечија влада или некој претседател може секаде да се види. Сѐ е тоа еден центар на моќ, кој очигледно е свесен дека ги губи битката и влијанието, па во паника почнува да се дрзнува во иницирање тотален хаос само колку повторно да ја има контролата. Никој не вели дека нема корупција и кај секоја актуелна власт, но постојат демократски методи таа да биде заменета, постојат институции што треба да се справат со корумпираните, а не некој од страна да предизвикува преврати по кои потоа ниту една земја не излегла подемократска и подобра – завршуваат нашите соговорници со својата опсервација интересна за јавноста.