Претседателката Гордана Силјановска Давкова в четврток ќе ја има првата посета во странство. Тој ден ќе биде примена од папата Франциск во Ватикан, а следниот ден во Рим ќе присуствува на чевствувањето на светите браќа Кирил и Методиј.
Силјановска Давкова ќе ја посети базиликата „Свети Климент“ каде што се наоѓа гробот на Свети Кирил, а потоа и базиликата „Санта Мариа Маџоре“ каде се наоѓа плочата испишана на македонски јазик. За време на престојот во Рим, претседателката ќе биде примена од претседателот на Италија, Серџо Матарела.