Фото: Маја Јаневска-Илиева/Архива

Санела Шкриељ и Марија Кочовска ќе бидат нови пратенички на СДСМ во Собранието. Тие доаѓаат на местото на сегашната министерка за одбрана Славјанка Петровска, односно на местото на Бисера Костадиновска Стојчевска, која сега е министерка за култура. Оваа одлука е донесена на денешната 43-та седница на Државната изборна комисија (ДИК).

Членовите на ДИК едногласно го донесоа предлог-финасискиот план за распределба на средства во ДИК за годинава, а беше разгледана и усвоена и предлог-одлуката за висината на благајничкиот максиум.