Фото: МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, рече дека сестра му работи во М-НАВ веќе 15 години, а за критериумите по кои работи, тој им одговори на новинарите да ги прашаат во М-НАВ.

– Јас немам никаква улога во тоа, тоа е 12 години пред јас да станам министер за надворешни работи. Оваа тема е искористена на секои избори во последните 15 години. Истото образложение го давам веќе 15 години, очигледно е дека изборите го прават тоа, така што ќе играме по тие ноти – изјави Османи.

Бујар Османи во 2008 година беше министер за здравство. На таа позиција остана до 2011 година.