Зиадин Села, во емисијата „Клан дебат“ изјави дека целта на политичките дејствија на првиот човек на АА, Арбен Таравари била да се подели партијата.
Според Села, Таравари им наредил на претседателите на ограноците да се изјаснат врз основа на расположението на подограноците, дали се за коалиција со ДУИ или со опозицијата. Само 4 ограноци, како што вели Села, биле за коалицирање со опозицијата, додека сите останати ограноци биле на став дека АА треба да излезе сам на изборите.
– Целта беше да се добијат евиденции за тоа кои се тие ограноци, кои ќе му се придружат на целта за поделба на АА. За жал, јас го забелезив и чуството ми кажуваше дека тој долго време ја прави оваа игра – вели меѓу другото Зиадин Села.