Изградбата на кинеско-арапската заедница во заедничка просперитетна иднина е силна изјава за една желба за нова ера на кинеско-арапските односи и подобра иднина за светот. Кина интензивно работи со арапската страна за да ги направи кинеско-арапските односи модел за одржување на светскиот мир и стабилност и преку веќе воспоставената соработка „Појас и пат“ прави модел за промовирање на доброто глобално владеење
Пет нови рамки за соработка во кинеско-арапските односи
Кинескиот претседател Си Џинпинг деновиве јавно ги повика арапските држави да ја продлабочат соработката со Кина и да го забрзаат градењето на кинеско-арапската заедница во конкретна, заедничка просперитетна иднина. Имено, претседателот на Кина во главниот говор на церемонијата на отворање на 10-та Министерска конференција на Форумот за соработка меѓу Кина и арапските држави (КАЦАСФ) даде предлог-забелешки за стратегиско унапредување на кинеско-арапските односи.
Јавно изразена заедничка желба за „нова ера на кинеско-арапските односи“
Изградбата на кинеско-арапска заедница со заедничка иднина е силна изјава за заедничката желба за нова ера на кинеско-арапските односи и подобра иднина за светот. Кина интензивно работи со арапската страна за да ги направи кинеско-арапските односи модел за одржување на светскиот мир и стабилност, и преку веќе воспоставената соработка „Појас и пат“ прави модел за промовирање на доброто глобално владеење.
Според низа експерти, стратегиската меѓусебна доверба меѓу Кина и арапските држави дополнително ќе се консолидира. Соработката на различни полиња ќе биде сеопфатно сѐ подинамично промовирана, а изградбата на кинеско-арапска заедница во заедничка иднина е сѐ пореална.
Две децении нагорен тренд на кинеско-арапските односи
Кинеско-арапските односи се во нагорен тренд од почетокот на новиот век. На првиот самит на кинеско-арапските држави во Ријад, Саудиска Арабија, во декември 2022 година, Кина и арапските држави се согласија да изградат кинеско-арапска заедница со заедничка иднина во новата ера.
Според искажаниот став на претседателот на Кина, Пекинг е задоволен од напредокот што е постигнат во реализацијата на резултатите од првиот самит на кинеско-арапските држави. Кина ќе работи со арапската страна за да ја подобри улогата на самитот во обезбедувањето стратегиски насоки за континуиран „скоковит раст“ на кинеско-арапските односи.
Најавено е дека Кина ќе биде домаќин на вториот самит на кинеско-арапски држави во 2026 година, што треба да биде уште еден дополнителен импулс на заемните просперитетни односи.
Додека промените невидени во еден век брзо се одвиваат низ светот, и Кина и арапските држави се стремат да ги остварат своите историски мисии за национална преродба и побрз национален развој.
Пет рамки за соработка
На првиот самит на кинеско-арапските држави во 2022 година, претседателот на Кина изненади со изнесени „осум големи иницијативи за соработка“ за практична соработка и воспоставување конкретни „пет рамки за соработка“ за да се преточи изградбата на кинеско-арапска заедница во заедничка иднина.
Петте рамки се:
– подинамична рамка за иновации;
– проширена рамка за инвестициска и финансиска соработка;
– повеќеслојна рамка за енергетска соработка;
– побалансирана рамка за заемно корисни економски и трговски врски и
– поширока рамка за размена на човечки ресурси.
Во тој контекст, Кина со арапската страна ќе изгради 10 заеднички лаборатории во области како што се животот и здравјето, вештачката интелигенција (АИ), зелениот развој и нискојаглеродниот развој, модерното земјоделство и вселената и информатичката технологија.
За издвојување е дека двете страни, исто така, ќе ја зајакнат соработката за вештачката интелигенција за таа да ја зајакне реалната економија и да промовира широк систем на глобално управување со вештачката интелигенција.
Натаму, истакнато е дека Кина е подготвена да воспостави форум со арапската страна за соработка во индустријата и инвестициите. Кина поддржува поблиска соработка меѓу финансиските институции од двете страни и ги поздравува арапските банки да се приклучат на системот за прекугранично меѓубанкарско плаќање.
Кина дополнително ќе ја зајакне стратегиската соработка со арапската страна за нафта и гас и е подготвена да работи со арапската страна за истражување и развој на нова енергетска технологија и производство на опрема. Исто така, Кина е подготвена да ги забрза преговорите за билатерални и регионални договори за слободна трговија, го поздравува активното учество на арапската страна на кинеската меѓународна увозна изложба ЕКСПО и е подготвена да го прошири увозот на неенергетски производи од арапска страна, особено земјоделски производи.
Кина планира да работи со арапската страна за да ја постигне целта од 10 милиони двонасочни посети на туристи во следните пет години.
Развојот на арапско-кинеските односи има широки перспективи и голем потенцијал, а двете страни имаат искрена желба за дополнително унапредување на односите и зајакнување на соработката. Се верува дека работата и достигнувањата на Форумот за соработка меѓу Кина и арапските држави ќе имаат прагматична и позитивна улога во промовирањето на развојот на двете страни на различни полиња, изјави египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси. Х.И.