На првата пленарна собраниска седница по локалните избори
На првата пленарна седница во Собранието што ќе се одржи в понеделник, по вториот круг од локалните избори, се очекува да биде констатирано дека тројца членови на овој парламентарен состав во првиот круг од локалните избори се избрани за градоначалници. Станува збор за Елизабета Стаменковска-Трајковска во Кисела Вода, Јане Мицевски во Сопиште и Дејан Продановски од Прилеп. На местата на Стаменковска-Трајковска и на Мицевски треба да бидат следните пратеници на листата во изборната единица 1, додека на местото на Продановски од изборната единица 4.
Предвидено е пред пратениците да се обрати и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, а во текот на следните денови во собраниска процедура се очекува да влезе и буџетот за 2026 година. Активностите на Собранието претходно беа запрени поради тековните локалните избори. Н.М.
































