Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов се огласи во врска со нападите од премиерот Димитар Ковачевски, објавува „Макфакс“. Тој вели дека во текот на вчерашниот ден гласал за повеќе закони и одлуки, но, како што додава, имало паузи, при што присутното мнозинство пред да влезе тој во салата каде се одржуваше седницата го гласале и Договорот со ФРОНТЕКС, кој целосно тој го поддржува.
– Инаку, околу моето наводно заложништво кон Левица, тоа е ниско ниво на комуникација и на ист начин можам да изјавам дека се надевам дека господинот Ковачевски не е и нема и понатаму да биде заложник на водството на ДУИ – порача Трајанов.
Како и досега, немам намера никого да дискредитирам, но подготвен сум да учествувам во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата, нагласи Трајанов.