Секогаш кога треба да се спроведе некој надворешен проект, се мобилизираат разни интелектуалци што по некоја основа и одредени причини не се чувствуваат доволно валоризирано во Македонија, така што им се поттикнува егото заедно со дебели финансиски инјекции однадвор, без оглед што и самите се свесни дека работат на штета на сопствениот народ и интересите на својата земја
Изјавите на Гоце Делчев од пред повеќе од 100 години како визии за денешните случувања
Без некоја посериозна реакција во земјава пред извесно помина една изјава од официјален Брисел во која европските бирократи искажуваат отворено незадоволство зашто се истураат илјадници евра на невладини организации, разни интелектуалци и влијателни кругови во Македонија, а резултатот од нивната работа во спроведувањето на европската агенда е никаков или незначителен.
Можеби овој „укор“ даде плод, па во последно време, како што се засилува надворешниот притисок за уставни измени, така се активираат и внатрешните сили, кои очигледно треба да ги оправдаат парите што се инвестирани во нив од разни надворешни центри на моќ. Сега истите тие нудат „космополитски уставни решенија“ по калап на Бугарија и Европската Унија, но никако на линија на македонскиот народ.
Без некоја посериозна реакција во земјава пред извесно помина една изјава од официјален Брисел во која европските бирократи искажуваат отворено незадоволство зашто се истураат илјадници евра на невладини организации, разни интелектуалци и влијателни кругови во Македонија, а резултатот од нивната работа во спроведувањето на европската агенда е никаков или незначителен.
Можеби овој „укор“ даде плод, па во последно време, како што се засилува надворешниот притисок за уставни измени, така се активираат и внатрешните сили, кои очигледно треба да ги оправдаат парите што се инвестирани во нив од разни надворешни центри на моќ. Сега истите тие нудат „космополитски уставни решенија“ по калап на Бугарија и Европската Унија, но никако на линија на македонскиот народ.
Имено, секогаш кога ќе треба да се спроведе некој надворешен проект се мобилизираат разни интелектуалци, кои по некоја основа не се чувствуваат доволно валоризирано во Македонија, така што им се билда егото заедно со дебели финансиски инјекции однадвор, без оглед што и самите се свесни дека работат на штета на сопствениот народ и интересите на својата земја. Во оној момент кога ќе им престане надворешното финансирање, ја менуваат плочата и почнуваат некој нов наратив, сè додека повторно не станат „предмет на интерес“ од некој друг центар на моќ, кој проценил дека истите тие може да ги употреби за сопствени цели.
По истиот модел функционираат и многу невладини организации, кои се подготвени да соработуваат и со црниот ѓавол само да дојдат до пари и да си обезбедат лагоден живот, не обрнувајќи особено внимание како нивните активности долгорочно ќе се одразат врз иднината на земјата.
И тоа не е случај само сега, туку го имало отсекогаш, за пусти пари да се предаваат сопствениот народ и сопствената држава.
Она што е вообичаен начин на работење кај тие влијателни центри на моќ од соседството и од некои поголеми европски земји е да се регрутираат луѓе што имале некаква улога во минатото на државата и стекнале некаков кредибилитет, познати се во интелектуалните кругови, некои од нив биле и носители на високи државни функции, па кога тие ќе испратат некаква порака, процените на нарачателите се дека тоа има поголема тежина во домашната јавност.
Подобни за таквата платена агенда секогаш се поранешни функционери, професори, разни експерти, невладини организации формирани исклучиво за одредена цел, кои во еден момент синхронизирано дејствуваат внатре во земјата, пласирајќи одредена идеја што не произлегува како резултат на дискусија во самото македонско општество, туку е надворешно наметната и треба да зафати што поголем општествен простор и да стане доминантна тема за реална дискусија и потенцијално решение за одреден проблем.
Во практика тоа значи дека ако на Бугарија ѝ одговара да има говор на омраза од македонска страна, преку разни платеници во земјава ќе испровоцира еден куп инциденти само да покаже дека во Македонија постојат нетрпеливост и омраза кон Бугарите. Но ова е само мал банален пример како да се гради негативен имиџ кон една земја, но кога треба да се работи на покрупни работи, како што се промената на името, промената на Уставот, територијалната поделба и слично, тогаш странските центри на моќ истураат поголеми средства за да можат со внатрешни фактори да ги прикажат овие процеси како европски дострели, без оглед што со нив започна процесот на разградување на Македонија како држава на македонскиот народ.
Со други зборови, повеќе од 20 години функционира „внатрешна петта колона“, која одработува за надворешните центри на моќ и ја спроведува странската агенда чија крајна цел е разнебитување на Македонија. Тоа е забележливо ако се погледне карактерот на земјава во 1991 година и сега, во 2023 година, но и од свесното одбивање, токму од тие индоктринирани „интелектуалци“, влијателни личности, НВО-а, да се одбијат бугарските уцени и да се подготви нов устав, во кој македонскиот народ повторно ќе го добие заслуженото место како државотворен народ, а сите други малцинства, вклучувајќи го и бугарското, ќе си го најдат своето место. Очигледно агендата на разните центри на моќ не предвидува таква улога за македонскиот народ во сопствената држава, туку сака да го изедначи со сите други, што е најефикасниот рецепт за распад на една држава.
– Нормално е што во овој постјугословенски регион, како една невралгична точка се судираат влијанијата на големите центри на моќ. Тука е засилено нивното дејствување и се води беспоштедна борба за освојување интересни сфери и протуркување разни проекти важни за остварување на нивните планови. Постои економско, политичко, дипломатско и секакво друго влијание, особено влијание преку разни влијателни личности во општеството, на начин што тие се финансираат да спроведуваат агенда на одделни центри на моќ. Понекогаш тоа се и поединци што имаат разни политички или други амбиции, но кои не можат да ги остварат бидејќи ја немаат поддршката од народот. Вака настапуваат како да ја имаат поддршката на меѓународната заедница и тој наратив го продаваат тука во земјава, без да го земаат предвид интересот на граѓаните и на државата. Истите тие, освен материјалната добивка, се надеваат дека утре можеби ќе добијат и некоја друга позначајна функција, се разбира со поддршка на центрите што ги финансирале – велат соговорниците, кои додаваат и дека купувањето влијание го имало отсекогаш, а луѓе што можат да се купат со пари секогаш се наоѓаат.