Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија, како што истакна министерот надворешни работи Бујар Османи во интервју за „БТВ“, во пресрет на денешната владина посета на Софија.
– Симболиката е дека ние сме најблиски соседи. Но суштината е дека во позитивна, конструктивна атмосфера на лична доверба, создадена е платформа за продолжување на разговорите – вели Османи, додавајќи дека патната врска меѓу Скопје и Софија не може да биде обврска само на Македонија, туку дека се очекува и Бугарија да го заврши својот дел.