Кочани

Комуналните служби од Општина Кочани во соработка со ЈКП „Водовод“ исчистија повеќе мали депонии на неколку локации. Со механизација на „Водовод“е отстранет насобраниот смет под ѕидот на улицата Тодосија Паунов, во близината на железничката станица. Отстранети се и малите диви депонии на патот од Грдовци кон Прибачево.
– На паркингот пред спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“, со поддршка на службите од ЕВН е израмнет насипот, а „Водовод“ ја санира состојбата со отпадот. Комуналните служби апелираат граѓаните да го исфрлаат отпадот во канти и соодветни контејнери и да придонесат во одржувањето на хигиената на јавните површини во градот и во населените места – велат од Општина Кочани, каде што работат на подготовка на план за одржлива урбана мобилност и подобрување на условите во сообраќајот, со кој ќе се подобрат пристапноста, одржливиот начин на транспорт и безбедноста во сообраќајот во урбаните средини и ќе се унапреди квалитетот за живеење.