Фото: Архива

Раководството на СДСМ и членовите на Извршниот одбор вечерва поднесоа оставки на предлог на лидерот на партијата Венко Филипче. Од СДСМ соопштија дека оставки поднеле заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор.

Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до лидерот на партијата.

– Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување,  вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ – се вели во соопштението од партијата.

На една од наредните седници на Централниот одбор, Филипче треба да предложи нови членови за органите на партијата, а за функциите, како што велат од СДСМ ќе се бираат најкомпетентни личности.