Напредува и изградбата на коридорот 10
Експресниот пат Градско – Дреново во должина од 15,5 километри вчера беше пуштен во употреба. Делницата почнува кај клучката Градско, а завршува кај клучката Дреново. Проектот е проценет на вкупна вредност од 37 милиони евра, од кои над 70 отсто се финансирани од фондовите на Европската Унија.
Постапката за инфраструктурниот проект, вклучувајќи ги проектирањето и изборот на изведувачи, почнала во 2013 година, додека изградбата почнала во 2017 година, како што посочи директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.
Вчера во употреба е пуштен и еден километар од патот Дреново – Фариш, кој е дел од коридорот 10Д, кој го гради кинеската компанија „Синохидро“. Се очекува другите девет километри од истата делница да бидат пуштени во употреба за неколку месеци, според Трајаноски. Н.М.