На протестот во Скопје за поддршка на командантите на УЧК од Косово обвинети за воени злосторства во Хаг:
- Гуцати исклучително реторички и провокативно во својот говор на настанот во Скопје на плоштадот „Скендербег“ истакна дека „штом генералите на ОВК пристигнале во Скопје, границата била мирна (!?), граѓаните ја преминувале границата многу мирно (?!) и немало детална контрола…“ (?!) Гуцати исто така им се заблагодари на „сите тие иницијатори што ја презедоа иницијативата и испратија албански цариници и полицајци (?!) на границата“. При што го квалификуваше тоа како „најголем успех“
На плоштадот „Скендербег“ во Скопје, во саботата се одржа протест за поддршка на поранешните команданти на косовската УЧК (Ослободителна војска на Косово – ОВК), на кои им се суди во Хаг за воени злосторства.
Претседателот на Организацијата на воени ветерани на УЧК, Хисни Гуцати, одржа многу провокативен и контрадикторен говор на протестот во Скопјe. Тој во својот говор нагласи дека собирот за поддршка на воените лидери на УЧК е за да им покаже на странските амбасади лоцирани во Македонија дека „ОВК не била криминална армија, туку армија што ги штитела своите граѓани“ (но не кажа кого подразбира како „свои граѓани“ и од кого ги штитела?!).
Гуцати исто така рече дека Судот во Хаг „го формирал лудак што поднел резолуција во Европскиот парламент дека наводно ОВК извршила злосторства и вадела органи од луѓе“. Гуцати рече дека Хашкиот суд, со судењето на поранешните водачи на ОВК (УЧК), наликува на судовите од поранешна Југославија.
Во врска со организацијата на настанот за поддршка на ОВК (УЧК) во Скопје, тој рече дека „организаторите на протестот стравувале од можни приведувања на граница на поранешни команданти на УЧК, кои се бараат со потерница од страна на Србија“. А токму во врска со тоа, Гуцати исклучително реторички и провокативно истакна дека „штом генералите на ОВК пристигнаа во Скопје, границата е мирна, граѓаните ја преминуваат границата многу мирно, нема детална контрола. (?!) Гуцати им се заблагодарам на сите тие иницијатори што ја презедоа иницијативата и испратија албански цариници и полицајци на границата и ова е најголемиот успех, притоа издвојувајќи го и чаирскиот градоначалник Изет Меџити како заслужен, при што и лично и јавно му се заблагодарил.
– Ме извести градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, кому му благодарам многу. Тој рече дека границата ќе биде отворена и е отворена за сите граѓани што ќе дојдат да протестираат денес и дека границата е мирна – рече Гуцати. П.Р.
Кој е Хисни Гуцати?
Хисни Гуцати беше избран во јануари 2025 година за претседател на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (УЧК) на петтото изборно собрание. Гуцати ќе има четиригодишен мандат. Вториот кандидат за претседател на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (УЧК) беше Насим Харадинај. Гуцати имаше 112 гласа, додека Харадинај имаше 95. Гуцати претходно ја водеше оваа организација, но поднесе оставка во септември 2020 година. Тогаш беше уапсен од Специјалниот суд (Хаг) под обвинение дека тој и гореспоменатиот Насим Харадинај откриле, без овластување, информации заштитени според Законот за Специјализираните совети од Хаг, вклучително и идентификациски детали на одредени (потенцијални) сведоци. Гуцати и Харадинај, исто така, упатувале омаловажувачки обвинувања и закани против (потенцијалните) сведоци и постојано ја изразувале својата намера да ги поткопаат Специјализираните хашки совети. П.Р.

































