Црните листи се смешни сликичиња од „Животинско царство“. Али Ахмети е цар-цар-цар! Што сака си прави со политичарите, „рок ми бејби“ – си ги мачка на кондури… Ако Али биде на црна листа – има надеж. Само борба – стална борба вреди. Али има право за едно – Албанците ни требаат – ама без Али
Претскажувањето е нагон. Оти перзистенцијата е поважна од егзистенцијата. Претскажувањата може да бидат езотерични и аналитички. Примери за езотерични се привид, сон, магии, набу, шаманизам, Мани, Даниел, Исаија, Исус, Јован, овчарот од Хермас, Касандра, Хермес, Мухамад, Нострадамус, Шабитај Цви, Рерик, Блаватска, Старјеци (од Саров и Света Гора), Распучин, Телема, баба Ванѓа, Бардон, паранормалност и други – за нив ќе зборуваме во иднина. Аналитичките варијанти може да бидат емпириски, логички, хјуристички, математички и вештачка интелигенција. Важни се за економијата, медицината, науката, метеорологијата, политиката итн. Она што го кажувам овде не сум јас, туку компилација од други поважни. Знаеме за огромната динамика на промени и „концентрација“ на судбини. Почнуваме.
РАБОТА. Работното место е потрошна материја. Се губи. Варира. Работничката класа е кибер-маса. Работиш дома – менуваш фирми – напнат си. Неизвесност. Самотија. Закон. Седативи. Алкохол. Надарените ќе произведуваат пари (криптовалути, берза). Нови валути прават „криптоопштества“, империја на фикции, самотија. Автоматот го потиснува човекот. Многу потиснати – се маса – немир. Многу агенти има. Задача на агентите е да создадат нови агенти, а потоа немир. Немир се нови пари, нови работни места, нова маса. Немирот е нужност – за нови војни, револуции, хаос. „Работните задачи“ се метамодернизам, фикција, радикализам, агентура, сила и повторно истиот круг. Извори на работни места ќе бидат Америка и Кина. А другите – измеќари. Новите работни места креираат пари, пропаганда, антисемитизам, антиисток, антирелигија, мит за лошиот „Слав“ и лошиот исламист. Метрополите – беа двојно помали кога бев дете. Имаше луѓе. Сега, има „жив-мртов“ кој се гмечи во град. Градот мутира и пролиферира. УБА? – Читај за 20-30 години. Енергија – соларо-фузиона-зелена.
ПОЛИТИКА. Политичката економија измислува судири. Заборави ја љубовта. Декаденцијата е нова естетика. Сексот е перверзија која заменува религија. Сексот е црн џихад. Скапоценоста е непријателот. Без непријател си ништо – абиотрон. Смислата на војната е бесмисленост. Војните ќе се множат како и шпионите. Херој е – тој со неподнослива болка. Крш, суперсоничност, автономност – се нови архетипови. Само бебето носи љубов. Нека ги има. Итрецот Трамп се повлекува од фронтот за да се тепаат други будали. Стига со блокчејнови, нови валути, машини и космос.
ТЕХНОЛОГИИ. Емануел Кант вели дека просторот и времето се интуиција. Сега се код. Ако кодот стане друго – тоа е револуција. На пример кодот „Х“ ќе креира време, или со Witten – ќе креира судбина. Има чип со милион кјубити. Гугл квантум-чип за пет минути прави што најбрз компјутер за септилион години (1 со 24 нули). Наскоро ќе биде со фактор 10, 1.000… Сегашните компјутери се отпадоци. Дали постои задача која мора да користи толку моќен компјутер? Да ја измислиме. Измислувам – постојам. Развојот оди на исток („свилени маршрути“) – ЕУ е село. Утре компјутери ќе нѐ водат – како инвалиди. После – како овци. Ќе летаат околу нас, роеви. Нема ни да ги видиме. Биони ќе нѐ гледаат. И мисли декодираат. Ќе се заборави зборувањето – аутпут пред мислење, лечење пред болест, поаѓање и стигнување се исто. Ќе станеме пред-светови и пред-биони.
МЕДИЦИНА. Чипови ќе читаат геномски карти. На местото „Х“ ќе постават ген и – нема болест, нема пол, фаца, боја, психа… Како е да се живее над сто? Мачно. Смртта е убава. Друго – 3G биопринт – нови хирургии. Телепортска хирургија. Ќе станеме биокјубити, ќе ги разменуваме меѓу себе и со машини. „Јас“ ќе биде многу „јас“. Наместо болници – ќе си носиш сензори на себе. Размножувањето прво ќе биде од разни клетки, а после вонорганично. Еквилибриум е забрзана синтеза. Сѐ е програмирано – патување на „јас“ во следните сто години.
ЕКОНОМИЈА. Човек е информација и код. Преносот се вика телепортација. Замисли дека си истовремено во Скопје и Токио. Значи не постојат „локации“ – сѐ е едно – квантен кристал. Инвестирај во телепортиран град. Политичката економија вели дека системот има создавачи (стока, пари, храна итн.) и дистрибутери. Дистрибуцијата нужно е измама. Таа мора да „цеди“ профит. Победа на системот е верувањето. Возрасниот ја сфаќа измамата и е антисистемски (Делез и шизофренија). Има ли „праведна измама“? Дури и еднаквоста е измама. За неа некој мора да биде силен, самобендисан (нарцисоид), а другиот слаб. Еднаквоста е алатка за верување за полесно да ја издржиш измамата. Кога зборот не помага, се користи религија. Ако и таа не помогне, почнува војна. Војната е брутален начин на измама. Мирот е бајковен начин на дистрибуција, каде ем си измамен, ем си среќен. Дури и среќен си ако загинеш за измамата. Измамата мора да ги држи ниските во купче и тогаш трудот е производство (а во војната – напад). И нападот е производство, а ние „западњаците“ атакот го викаме „одбрана“ – „defense“. Велиме дека го напаѓаме лошиот – фашист, џихадист, терорист, садист. Џихадистот вели дека е „Божја правда“ и нѐ напаѓа нас „антибожји“, „декаденти“ и „сатани“. Сите лажат. Системот се менува кога лагата се открива. Се настапува со нова лага која се вика револуција. Револуцијата не е обичен бунт кој е навала со „урааа“ (примери – улични немири, Спартак, Париска комуна, февруарска „револуција“, Карпош, комити, демоните на Достоевски, интифада, 1968, бунтови во Париз, Берлин, Белград Тетово итн). Револуцијата денес е артифициелна интелигенција (AI). Ќе избива секоја година и ќе се наречува „G“ (generation) – 1G,2G…6G. Овие 6G и најавени 7G во комбинација со суперсоничност се всушност автономни системи (самоодлука, самостратегија, телепортација, длабоки сензори, вештачки човек) со идеја – над моќта на човекот. Украина ја цица ЕУ и ќе биде силувана и фрлена девојка. Блискиот Исток – гнездо на ѓаволот. Следува грабеж на медитеранскиот гас и нафта. Ердоган и Хамнеи се новите „калифи“ чифтани таму. Застрашува „марабунта“ од внатрешни милиции, етникуми, религии, џихадисти, комунисти, мутирани псевдолиберали, хомоплазии, банди, политички инсекти, пирани и карнивори, кои се создадени за да ги расчеречат (нови Југославии). Израелските служби (Мосад, Шин Бет, Аман, Јунит 8200 и серија секретивни) мутираат и ги надминуваат аурите на Израел. За Израел (ова е за агентите кои читаат весници) – ако атомски инженер му дава информации на Иран, тоа е „македонизација“ на безбедноста, предавници и срам! Хермон-Голан се во џебот. Со 30 отсто Арапи, Израел станува џихад. Западот е џихад. Парчиња од гнасно џихадистичко месо го контаминираат светот. Ракети – ништо. Инкубуси во Македонија – колку сакаш. Нема разузнавачки служби. Купче аматери – не е служба! Наркомафијата и етноџганот цветаат. Од врвни професионалци дознавам концепт (компилација): светот за Македонија има план А и план Б. (План А) Да развие некаква економија и монетарен систем (земјоделство, банки, енергија). Ако не успее поради кочење од мафијата – (план Б) да станеме наркодилерски бунар како Јужна Америка, за потреба на црните фондови на светот. Избирајте. Казната за нашите олигарси и шунд-политичари ќе биде што нивните деца ќе бидат наркомани. Примитивизмот не е само кај нас, туку во цел свет. Тренд е. Простотилакот е асет, вредност. Кај нас е од етно-шизо-идиотија, а во светот – од миграциите.
ПАРИ. Без пари си ништо, ѓубре – и во капитализмот и во социјализмот. Внуците ќе те сакаат ако имаш пари, ако не – криј се во ќумез или скапан старечки дом. Родителите што ги учат децата дека парите не се вредност, туку душата или добрината – имаат утнати деца. И религиите бараат „чистота“, а свештениците се често Каифаси и бизнисмени (читајте Библија, Евангелија, Исус, Шекспир и сегашна животна пракса). Јас сум дете на илјадагодишни свештеници и што да кажам? Исус бил во право. Историски, парите беа релација на злато, сребро или нафта. Сега се фикција, станаа код (крипто), а ќе бидат мутации. АИ ќе креира валути и свои светови. Вие сте „храна“ за тие светови. „Блекрок“ е веќе во Србија, кај нас ќе дојдат мутациите. Црните листи се смешни сликичиња од „Животинско царство“. Али Ахмети е цар-цар-цар! Што сака си прави со политичарите, „рок ми бејби“ – си ги мачка на кондури… смеат ли нашава полиција и политичари да споменат збор „наркомафија“? Уапсиле некого? Коски им се тресат, бегаат – кој купен, кој наркотичен, кој немоќен. Алиеви „сексуални работнички“. Ако Али биде на црна листа – има надеж. Само борба – стална борба вреди. Али има право за едно – Албанците ни требаат – ама без Али.
ПОНАТАМУ, секој трет жител на Америка земал некоја дрога (Си-ен-ен). Фентаминот ги убива. Тоа ти е албанска мафија – капиши? Трамп ќе ги гигантизира криптовалутите. Кој ги нема – чао! САД се губи од хипер, а Русија од хипопопулација. Украина – бела чао! Израел – big trouble – блискоисточен пандур, разузнавач, инат, џилитер, арапизира, опиум е за Евреите. Нетанјаху ќе го сменат кога ќе каже Путин. Исламот ќе доминира (2050). Арапите се нови папазјании (Јемен, Сирија, Либан, Курдистан, Азербејџан со Ерменија), а и Грузија, Сомалија, Иран, изгледа и Турција се во сос. Игри ќе има во Молдавија, Романија, можеби и Бугарија – корумпирани дупки на ЕУ. Антисемитизмот лета горе. Сиромаштијата исто. Сексот е спин-вредност.
ИНФЛАЦИЈА. Некоја фиктивна црвена линија е 4 отсто. Цените рипаат, а официјално велат инфлацијата е стабилна – смешки, зар не? Кеинс се превртува во гробот, Маркс се смешка, а Хитлер се витка од смеење. Рековме дека политичката економија е лажење, капитализмот малку поголемо лажење, а либералниот капитализам е слободно лажење (ќе збориме другпат). Кај нас инфлацијата вештачки ќе се држи околу 4 отсто (да нема паника), а вие ќе бидете сиромашни. Во светот ќе биде под 4 и под 3 отсто, а луѓето ќе гладуваат. БДП – во светот ќе се борат за 3,5-4 отсто, а кај нас под 3 отсто. Ако имате двор – нивичка – садете компир, жита и грав. Копајте бунар. За жал, тоа може во иднина да ви го земат Арапи или наши џиха-фукари.
ТЕКТОНСКИ ЗБИДНУВАЊА. Силни земјотреси ќе има во Јужна Америка, Калифорнија, понекој во Турција. Климатските промени ќе продолжат. Циклони и разорувања ќе има. Амазон и Африка се ништат. Пожарите растат, а и поплавите. Спремни сме? (Како трула дундара).
ПАНДЕМИЈА. Не е на повидок, но заканата постои. Просторот е толкав, драги читатели. Среќна 2025 година и Божиќ. Бидете среќни – макар и артифициелно.