Шпанија ја повика Европската Унија да ги принуди националните влади да станат пофлексибилни за меѓусебните долгови во рамките на Унијата, со цел да се удвои потрошувачката моќ на европскиот блок. Што предлага Мадрид?
Шпанија се залага за промени во финансирањето на Европската Унија:
Владата на Шпанија, од Мадрид, гласно побара од Брисел „повторување на планот за заедничко задолжување на ЕУ и форматирање на истото тоа како постојано средство за значително зголемување на нејзиниот централен буџет“.
Имено, планот што се користи на ограничен начин од 2021 година, за финансирање на програмите за закрепнување по пандемијата на ковид-19, предвидено е да заврши следната година. Предлогот е оваа мерка да се продолжи.
И покрај тоа што идејата за заеднички долг е популарна во Шпанија, Франција и во Италија, таа долго време наидува на силен отпор од Германија и другите главно северноевропски земји, кои не сакаат да бидат одговорни за други влади со повисоки трошоци за задолжување.
Натаму, уште поконтроверзната идеја за која Шпанија притиска е одложување на враќањето на долгот од 300 милијарди евра на ЕУ, во обид за подобрување на готовинскиот тек. A за да се овозможи дополнително трошење, Мадрид предложи користење на дел од 422 милијарди евра што ги држи Европскиот механизам за стабилност, спасувачкиот фонд на еврозоната.
Со тоа што ЕУ го организира својот буџет во период од седум години, шпанската влада ги постави своите приоритети пред состанокот на еврокомесарите што се одржа завчера, каде што беше предвидено тие да започнат со скицирање на буџетот за периодот од 2028 до 2034 година.
Вкупниот буџет на ЕУ моментално изнесува 1,2 трилион евра, што на годишно ниво е под еден отсто од вкупниот економски аутпут. Шпанија е првата голема европска земја што официјално објави како треба да изгледа следниот седумгодишен буџет на ЕУ додека се очекува комисијата да го даде својот предлог налето. Р.С.