Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи на денешната прес-конференција информира дека Предлог-законот за соодветна и правична застапеност уште не е пратен за мислење до Венецијанската комисија. Се очекува, како што посочи, деновиве да биде испратен.
-Нацрт-законот до Венецијанската комисија деновиве ќе биде испратен и потоа чекаме нивен фидбек, што ќе даде меѓународен печат на овој Нацрт-закон, што е 100 проценти во склоп со Уставот, добрите европски практики. Во фаза на составување на Нацрт-законот ги консултиравме пријателските земји САД, некои европски држави кои имаат вакви практики кај нив на застапеност на разните етникуми во нивните држави. Уверени сме дека Венецијанската комисија ќе даде меѓународен печат на законот – рече Фетаи одговарајќи на новинарско прашање по претставување на сработеното во првата година од мандатот на новата Влада.
Уставниот суд вчера донесе Одлука со која укина делови од Методологијата за попис на населението од 2021 година, кои се однесуваат на категориите „резидентно“ и „нерезиденто“ население, кои беа воведени при последното пребројување на населението во државава.
Вицепремиерот Фетаи вели дека Предлог-законот за правична застапеност директно нема да биде засегнат од оваа Одлука на Уставен, бидејќи, како што рече, никаде во Уставот и законите не постои поделба на населението во резидентно и нерезидентно.
-Предлог-законот за соодветна застапеност директно не се засега од оваа одлука на Уставниот суд, бидејќи знаејќи дека поделбата на општото население во резидентни и нерезидентни не постои никаде во нашите закони, во Уставот. Се осигуравме оваа прашање да го оставиме отворено, да говориме само за резултатот на пописот бидејќи има предмет во Уставен суд и не може да се прејудицира резултатот на одлуката на Уставен суд. Прашањето на пресметка на соодветна и правична застапеност ќе се адресира со подзаконски акти, што е Методологијата за соодветна застапеност што ќе се усвои од Координативно тело што ќе се формира веднаш по усвојувањето на законот во Собрание – рече тој.
Фетаи нагласи дека вчерашната Одлука на Уставен суд била очекувана и посочи дека пописот од 2021 година бил неуставен и незаконски.
-Одлуката на Уставниот суд од вчера е очекувана одлука. Кога ДУИ во соработка со СДСМ одлучи Методологија за попис на население против духот на Уставот, категоријата нерезидентни оправдувајќи дека ЕВРОСТАТ барала такво нешто. Тие го прекршеа Уставот. ЕВРОСТАТ тогаш преку новинарско прашање демантираше такво нешто. Пописот како таков беше неуставен и незаконски. И вчерашната одлука го потврди тоа. Ова не беше изненадување за нас и сме кажале постојано дека ДУИ имаше за мисија да ги саботира пописите на населението – во 2011 година заедно со Груевски тие го саботираа тогаш пописот предизвикувајќи штета во буџетот од три милиони денари и за што уште не дале отчет. И на пописот во 2021 година беше направена услуга на нивните патрони кои сакаа да го намалат бројот на Албанците во пописот на населението создавајќи ја оваа категорија нерезидентни која е уставна и се потврди како такво. Доаѓаат неколку дилеми и прашања. Првата – под врзаниот потпис на претставникот на ДУИ тогаш во Заводот за статистика Илми Селами, кој на крај на претходната влада за оваа услуга беше награден со ветување дека ќе стане амбасадор но ние го спречивме. Тој предлог од ДУИ како нова Влада од почеток на владеењето и истиот треба да даде отчет за кршење на Уставот и законот. Очекуваме коментари од пеналистите за неговата кривична одговорност поради сврзаниот потпис таму – рече тој.
Вицепремиерот потенцира дека другите прашања кои излегуваат од оваа одлука на Уставниот суд се распределба на државата, дотациите, кои се пресметуваат со формулата и населението во која општина спаѓа.
-Сега е јасно дека населението на општините не може да се дели на резидентно и нерезидентно и дека општината и државата има само општ народ, треба да гледаме модалитети на распределба на државните пари во секое ниво. Второто прашање – Ја следевте дебатата околу бројот на советници за следните локални избори што доаѓа како последица на резидентното население во одредени општини, особено во Гостивар но и во Источна Македонија има такви случаи. Ова треба да се разгледа за да се земе како основа општото или гласачкото тело во таа одредена општина, бидејќи не можеш во една општина да бираш некого а во друга страна да немаш право да бидеш претставен во општинскиот совет – рече тој.
Фетаи нагласи дека со сите пропусти во пописот на населението, во однос на донесувањето политички одлуки, за распределбата на фондови, ќе се земаат во предвид резултатите од пописот.
-Не. Не велам така, бидејќи бројките се тие што се. Со сите пропусти во пописот на населението, одложувањето по критичниот момент, задоцнувањето, но го имаме овој број што го имаме и треба да се работи според оваа бројка, што е уставна бројка, за донесување на политички одлуки и за распределба на фондови, општински совети … – рече тој.
Прашан дали со овој ребаланс на буџетот или со следниот буџет ќе преземе Владата активности за да се вратат правата на блок дотации на одредени општини кои се менуваа според одлуката на Уставниот суд, вицепремиерот изјави дека наредните денови ќе се консултира владината коалиција околу оваа прашање.
-Околу ребалансот на буџетот, одлуката на Уставниот суд беше вчера објавена, а денеска сме прв ден после таа одлука и треба да видиме во текот на денот или во наредните денови да се консултираме владината коалиција и да се одрзаиме околу последиците на оваа одлука. Следните денови навремено ќе бидете информирани – рече тој.
Фетаи истакна дека соработката е одлична помеѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, но и во Вреди. – Соработката и во Владата и во коалицијата е одлична. Најдобра досега, рече вицепремиерот Фетаи.