Многу ликови во македонската политика, за кои поствистината е посуптилен концепт, беа олицетворение на двајца типични лажговци и манипулатори: Јаго и баронот Минхаузен. За дел од критичарите и добрите познавачи на Шекспир, Јаго е персонификација на чистото зло – неговите манипулации со ликовите од „Отело“ и неговиот недостиг од покајание за уништувањата што ги прави, претставуваат клучни атрибути за опишување на неговите мотиви. За други мислители и литературни критичари, пак, манипулативната и злонамерната природа на Јаго го покажуваат неговиот човечки карактер – ефикасноста во остварувањето на неговите намери, па, оттука, Јаго е злонамерен и манипулативен, но смртен човек со ограничен капацитет. Баронот Минхаузен, за разлика од Јаго, се смета за симбол на нескротлива фантазија, лажго над лажговците, најголемиот лажов што досега живеел на планетата Земја
Префиксот „пост“, што значи по, после, зад, последовен, се користи во формирање сложени зборови, при што значењето на вториот дел од сложениот збор (по префиксот „пост“) се релативизира често да степен на негова целосна негација, па така, се добиваат, на пример, зборовите: постмодернизам, постструктурализам, поствистина, постреалност, постдемократија. Терминот постмодернизам, во поширока смисла, се користи за да ја означи епохата, во втората половина на 20 век, што се карактеризира со критиката на големите меродавни наративи воспоставени во модерноста – од просветителството наваму, во филозофијата, уметноста, критиката, архитектурата, историјата и културата, додека пак, во потесна смисла, терминот означува аспекти на размислувањето и творењето во таа епоха. Меѓу мислителите, кои во почетокот не беа директно поврзани со концептот постмодернизам, туку со радикалната критика на модернистичките претпоставки, меѓутоа, подоцна се идентификувани како негови придружници или водачи, треба, според онлајн филозофската енциклопедија на Универзитетот Станфорд, да се спомнат имињата на Жан-Франсоа Лиотар, Мишел Фуко, Жил Делез, Жак Дерида, Жан Бодријар и Џани Ватимо.
Потсетувајќи дека терминот постдемократско општество се однесува на општество коешто продолжува да ги користи сите институции на демократијата, но во кое тие сè повеќе стануваат формални, при што општествениот и иновативниот порив преминуваат од демократската арена во мали кругови на политичко-економската елита, во денешниов текст ќе се осврнам на концептот поствистина. Во 2016 година, бесрамната нечесност и цинизам во политичките кампањи поврзани со брегзит и претседателските избори во САД, ги натераа Оксфордските речници – една од најеминентните лингвистички машинерии на англискиот јазик во светот, да го предложат зборот поствистина за збор на годината. Терминот поствистина, според предлагачите, означува дека „објективните факти имаат помало влијание врз обликувањето на јавното мислење отколку емоциите и личните верувања, па вистината станува ирелевантна“. Понатаму, според предлагачите, зборот поствистина првпат е употребен со значење: вистината е ирелевантна, во есејот од 1992 година на покојниот српско-американски драматург Стојан (Стив) Тешиќ, кој коментирајќи за аферата Иран-Контра и војната во Персискиот Залив, ќе напише: „ние, како слободен народ, слободно одлучивме дека сакаме да живееме во некој свет на поствистината“. Ова покажува дека, всушност, американското општество одамна се реализира во светот на поствистината. Единствената разлика е што, по 2016 година, деконструкцијата (во смисла на Дерида) на реалноста станува експлицитна, имплицирајќи дека одлуките на граѓаните, потпомогнати од социјалните мрежи, се карактеризираат, до одреден степен, со елементи на произволност и субјективност. Тоа предизвика, меѓу етаблираниот политички естаблишмент, загриженост, што резултираше со појава на веб-страници посветени исклучиво за проверка на фактите – веб-страници што често, за жал, беа и сѐ уште се политички обоени, па оттука прашањето: Quis custodiet ipsos custodes? Што се однесува на Доналд Трамп, една студија од 2017 година на професорот Мартин Монтгомери (Martin Montgomery) сугерира дека дискурсот за „автентичност“ не за „вистина“, всушност, обезбеди, за време на неговата кампања за претседател на САД, клучна предност, трансформирајќи со во темелник на поддршката на Трамп во неговата изборна база.
Како да се опише состојбата во Македонија? Годината 2016 беше значајна не само за Обединетото Кралство и за САД туку и за Македонија: во 2016 г. во Македонија започнаа бесрамните лаги и манипулации поврзани со договорите со Грција и со Бугарија. Сепак, животот во Македонија во изминатиот период – особено нејзината политичка арена, според моето мислење, не може да се окарактеризира со терминот поствистина. Многу ликови во македонските политика, за кои поствистината е посуптилен концепт, беа олицетворение на двајца типични лажговци и манипулатори: Јаго и баронот Минхаузен. За дел од критичарите и добрите познавачи на Шекспир, Јаго е персонификација на чистото зло – неговите манипулации со ликовите од „Отело“ и неговиот недостиг од покајание за уништувањата што ги прави, претставуваат клучни атрибути за опишување на неговите мотиви. За други мислители и литературни критичари, пак, манипулативната и злонамерната природа на Јаго го покажуваат неговиот човечки карактер – ефикасноста во остварувањето на неговите намери, па, оттука, Јаго е злонамерен и манипулативен, но смртен човек со ограничен капацитет. Баронот Минхаузен, за разлика од Јаго, се смета за симбол на нескротлива фантазија, лажго над лажговците, најголемиот лажов што досега живеел на планетата Земја.
Во светот во којшто царува поствистината, дали поствистината и постреалноста се синоними или, пак, се тесно испреплетени, но различни, термини? Поимот реалност во секојдневна употреба подразбира сè што постои, стварност, фактичката состојба на нештата или фактите вклучени во описот на состојбата, вистинитост; нејзини синоними се: стварност, вистинитост, автентичност, доверливост, верност, точност, оригиналност, исправност. Реалноста различно се толкува во науката, филозофијата, теологијата. Филозофијата и психологијата претпочитаат да зборуваат за надворешната, физичката реалност и внатрешната, психичката или менталната реалност (слики, мисли, сеќавања, соништа), како и за општествено-политичката реалност и културната реалност, кои почиваат на интеракцијата помеѓу надворешната и внатрешната реалност. Што е постреалност? Одговорот на ова прашање и анализа на постреалноста, сепак, ќе бидат предмет на друг текст, тука само сакам да ги спомнам термините виртуелна реалност и хиперреалност. Во компјутерските науки, терминот виртуелна реалност означува целосно тридимензионално дигитално опкружување во кое корисниците претставени со аватари комуницираат во виртуелните светови, фокусирајќи се на социјални и економски поврзувања. Терминот хиперреалност е поврзан со концептот симулакрумот: копија или слика без повикување на оригинал. Македонија, за што пишував повеќепати, во изминатите неколку години се трансформира во симулакрум – копија на непостојна реалност, стварност без потекло во стварноста. Парафразирајќи го Бодријар, во изминатите години стана невозможно да се прави разлика помеѓу она во што навистина се трансформира Македонија и стилизираното, селективното и погрешното претставување на така трансформираната Македонија. Поточно, да се прави разлика помеѓу трансформираната Македонија што бавно, но сигурно исчезнува и стилизираното, селективното и погрешното претставување на Македонија што се развива и гради иднина. Уште повеќе, таквото стилизирано, селективно и погрешно претставување на веќе трансформираната Македонија стана нова реалност – се користи терминот хиперреалност: поделено и раздвоено општество, општество на разнебитени Македонци, општество на разединети различности.
Мантрата на денешните „креатори на реалноста“ и глобалните манипулатори е – прифатете ја реалноста. Меѓутоа, ако ние, Македонците, ја прифатиме реалноста барем на еден од трите документи: Договорат со Грција, Договорот со Бугарија или Преговарачката рамка со ЕУ, нас, Македонците, ќе нѐ нема. Сите решенија, разврски наметнати однадвор – од различните „богови излезени од машината“ (Deus ex machina), со кои треба допрва да се соочиме и кои не се во согласност со македонскиот наратив, со македонската приказна, со основните факти за македонството, а имаат за цел решавање навидум безнадежна ситуација на начин што се коси со принципите на логиката и здравиот разум и води до разнебитување на Македонците, треба да се отфрлат со резигнација. Оттука, раскинувањето на трите документи, по редослед усогласен со геополитичките предизвици, треба да биде приоритет на сите идни влади на Република Македонија
Мантрата на денешните „креатори на реалноста“ и глобалните манипулатори е – прифатете ја реалноста. Меѓутоа, ако ние, Македонците, ја прифатиме реалноста барем на еден од трите документи: Договорат со Грција, Договорот со Бугарија или Преговарачката рамка со ЕУ, нас, Македонците, ќе нѐ нема. Сите решенија, разврски наметнати однадвор – од различните „богови излезени од машината“ (Deus ex machina), со кои треба допрва да се соочиме и кои не се во согласност со македонскиот наратив, со македонската приказна, со основните факти за македонството, а имаат за цел решавање навидум безнадежна ситуација на начин што се коси со принципите на логиката и здравиот разум и води до разнебитување на Македонците, треба да се отфрлат со резигнација. Оттука, раскинувањето на трите документи, по редослед усогласен со геополитичките предизвици, треба да биде приоритет на сите идни влади на Република Македонија.
Повеќето читатели се сеќаваат на Пинокио – измислен лик од детскиот роман на Карло Колоди „Авантурите на Пинокио“ (1883 г.). Пинокио е дрвена кукла, а неговиот творец – мајсторот Џепето, сонува тој да стане вистинско момче. Меѓутоа, Пинокио лаже, манипулира и измислува приказни, што го спречува да стане вистинско момче. Откако ќе престане да лаже и манипулира, Пинокио ќе се претвори во паметно, убаво момче со кафена коса, сини очи и весело, радосно лице. Медиумите во американската престолнина во (и по) изборната година со месеци ги мерат носовите на двајцата лажговци – претседателските кандидати. На крајот, често, утврдуваат дека двата носа се многу долги, но, сепак, едниот нос е малку подолг од вториот. Во фиктивната приказна за Пинокио, нереалниот лик се претвора во реалност – вистинско момче, кога ликот ќе престане да лаже и манипулира. Македонија ќе опстои како држава само ако македонските политичари во однос на македонството еднаш и засекогаш престанат да лажат и манипулираат, ако, за нив, македонството стане реалност!